Мичурин (Скопје)

населба во Општина Аеродром

Мичурин — населба во крајниот западен раб на Општина Аеродром.

Мичурин
Населба
Населбите Мичурин (десно) и Острово (лево)
Населбите Мичурин (десно) и Острово (лево)
Координати: 41°59′14.2″N 21°26′48.4″E / 41.987278° СГШ; 21.446778° ИГД / 41.987278; 21.446778
ДржаваМакедонија
ОпштинаАеродром
Површина
 • Вкупна25,91 ха (6,403 acres)
Карта
Карта на Мичурин.

Етимологија уреди

Наречена е според поранешната конзерварница Мичурин, која е наречена според советскиот ботаничар Иван Владимирович Мичурин.

Географија уреди

На запад и северозапад граничи со ГЖС „Скопје“ (преку пругата е населбата Пролет, на север и североисток со Острово, на исток и југоисток со Аеродром, додека на југ и југозапад граничи со индустриската зона (преку зоната, најблиску е со населбата Чешма).

Историја уреди

Пред да настане населбата, на територијата на населбата била сместена фабрика за конзервирање на овошје и зеленчук наречена „Мичурин“. На празниот простор кај фабриката првите куќи и згради почнале никнуваат во 1945. Тогаш голем број Македонци од Егејскиот дел на Македонија, поради Граѓанската војна во Грција, се доселувале во НР Македонија, па првите куќи во денешната населба Мичурин биле изградени од Егејците бегалци. По нив биле подигнати и згради за вработените во железницата. Бидејќи првите згради и куќи биле изградени во непосредна близина до фабриката и по неа било препознатливо новото маало во градот, граѓаните го нарекле Мичурин. Во 1948 името на фабриката било сменето во „Вардар“, но населбата си го задржала името на рускиот ботаничар.

По катастрофалниот земјотрес од 1963, таму била сместена т.н. шаторска населба Аеродром-Вардар наменета за настраданите во земјотресот. Првично местоположбата на кампот била во близина на цивилниот аеродром, односно територијата на денешната населба Аеродром. Потоа шаторската населба била преселена во Мичурин, поточно во дворот на училиштето „Владимир Назор“. Второто преселување на шаторската населба било кога била пренесена во Острово.[1]

Кон крајот на 1980 година, бидејќи населбата веќе била густо населена, била донесена одлука, фабриката да биде преместена подалеку од средиштето на градот. Градбата целосно била урната, а нов погон бил подигнат на излезот од градот во селото Орешани. Жителите на Мичурин, во знак на сеќавање, одлучиле оџакот на некогашната фабрика да стане симбол на населбата. Оџакот е насликан и на знамето на населбата.[2]

Со Законот за новата територијална поделба во август 2004 година, била создадена Општина Аеродром чија територија претходно припаѓала во Општина Кисела Вода. Во неа биле вклучени сите населени места (вклучително и населбата Мичурин) кои се наоѓале северно од пругата Скопје-Велес.

Демографија уреди

Според пописот од 2002, населбата Мичурин била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Јане Сандански, Лисиче, Ново Лисиче, Острово. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% се Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата Мичурин била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Ново Лисиче, Острово, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 63.764
Албанци 850
Турци 464
Роми 459
Власи 651
Срби 2.125
Бошњаци 403
Други 6.392

Општествени установи уреди

Порано, на нејзина територија било сместено првото седиште на Општина Аеродром.

Училишта

Културни знаменитости уреди

 
Поглед кон црквата „Св. Три Светители“ во изградба (2016 година).

Наводи уреди

  1. „Животот во шаторските населби (2)“. okno.mk. 8 август 2013. Архивирано од изворникот 2013-08-09. Посетено на 3 јануари 2023.
  2. „Мичурин била фабрика за конзервирање овошје и зеленчук“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-11-24.
  3. Адресар на општини во Република Македонија, Град Скопје, 2002 година.
  4. МПЦ и мичуринци ќе градат нова црква – Св. Василиј. Архивирано од изворникот на 2014-12-06. Посетено на 2014-11-24.

Надворешни врски уреди