СУГС „Димитар Влахов“ - Скопје

СУГС „Димитар Влахов“ (целосно име: Средно училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“) — средно училиште во Скопје, Општина Аеродром[1].

СУГС „Димитар Влахов“

Место
Општина: Аеродром
Место: Скопје
Адреса: 3-та Македонска Бригада 22
Основни информации
Основано: 1955; пред 70 години (1955)
Директор: Јасминка Гудоманова
Настава на: македонски и албански
Контактни информации
Портал www.dimitarvlahov.edu.mk
е-пошта sugsdimitarvlahov@yahoo.com
тел. 02/246-4590

Основање и развој

уреди

Училиштето е создадено во 1955 година, со одлука на Народниот одбор на град Скопје, од овој центар се издвојува Училиштето за кожа, текстил и гума, под име „Димитар Влахов“, со занимања од областите на преработка на кожа, гума, текстил и стакло. Кон овие занимања, во 1963 година е додадена и Графичката струка, префрлена од училиштето „Коце Металец“.

По катастрофалниот земјотрес од 1963 година, училиштето било сместено во привремен објект, барака, во непосредна близина на некогашната печатница „Гоце Делчев“, која ни од далеку не била соодветна на потребите. Проблемот со недостиг од стручен кадар бил ублажен во 1972 година, кога биле вработени првите професори и технолози. Ова значително го подобрило квалитетот на наставата. Таа година, паралелките кои дотогаш наизменично по една недела посетувале теоретска, односно практична настава, биле поделени по струки.

Во 1973 година, со новата верификација, училиштето се именува како Училишен центар за занимања „Димитар Влахов“, во кое се изучувале следните струки: лични услуги, графичка, стакларска, текстилна, кожа-гума, прехранбена, земјопреработувачка и изработка и преработувачка на хартија.

Во 1975 година е отворен училишниот фризерско-козметички салон од отворен тип, што се наоѓа на булеварот „Партизански одреди“ наспроти трговскиот центар „Лептокарија”. Во тој период училиштето нема сопствена локација и е сместено во рамките на повеќе училишта како ООУ „Кирил и Методиј“, гимназиите СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ и СУГС „Георги Димитров“.

За кратко време училиштето се вселува во сегашната зграда. Освен редовната настава, во Центарот биле отворени нови паралелки за возрасни кандидати од многу занимања и е овозможено полагање на вонредни испити. Во 1986 година, почнува со работа педагошката служба.

Промената на името во Училиштен центар за средно образование „Димитар Влахов“ е во 1988 година. Во овој период се воведува и четиригодишно образование во графичката струка – графички техничар, а набрзо потоа се формираат паралелки за козметички техничари и прехранбени техничари.

Од 1999 година до 2005 година, официјалното име на училиштето е Државно средно училиште „Димитар Влахов“. Во 2000 година е обновена верификацијата на сите образовни профили од лични услуги, од графичката и од прехранбената струка, а се воведува и специјалистичко образование и тоа во графичката струка за образовните профили: слагач-специјалист, печатар-специјалист, книговезец-картонажер-специјалист.

Во 2001 година, училиштето се вклучува во експерименталната настава на ФАРЕ програмата за интегрирана реформа на средното стручно образование. Со оваа програма беа опфатени паралелките од профилот графички техничар. Во учебната 2003/2004 година за прв пат се формира паралелка на албански наставен јазик за образовниот профил фризери.

Во 2006 година е променето името на училиштето и од Државно средно училиште ДСУ „Димитар Влахов“ се именува како Средно училиште на Град Скопје, СУГС „Димитар Влахов“ .

Образовни профили

уреди

Во СУГС „Димитар Влахов“ има 3 струки од кои : Лични услуги, Хемиско-технолошка и графичка струка.

Лични услуги :

  • Фризер
  • Естетичар за нега на раце и нозе
  • Техничар за козметичка нега и убавина

Хемиско-технолошка :

  • Месопреработувач
  • Прехранбен техничар
  • Техничар за козметички и хемиски производи

Графичка струка :

  • Графички уредник-дизајнер

Познати личности кои учеле во ова училиште

уреди

Познати личности кои предавале во ова училиште

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди