Димитар Андоновски
Димитар Андоновски (роден на 6 септември 1985, Битола) — македонски пејач.
Димитар Андоновски | |
---|---|
Роден(а) | 6 септември 1985 Битола, СР Македонија, СФРЈ |
Жанрови | поп |
Занимања | пејач |
Период на активност | 2003-сега |
Животопис
уредиДимитар живее во Битола и уште од мали нозе влегол во музичките води, пред се како ученик во нижо музичко училиште. Завршил средно музичко училиште (отсек виолина) во Битола и се запишал на музичката академија во Скопје. Првото пејачко искуство, Димитар го имал во 1994 година на Детскиот фестивал „Си-До“, каде ја отпеал, тогаш многу популарната „Кога Ема би знаела“, по што се појавил и во телевизиската серија „Здраво генијалци“ на МТВ, и оттогаш, како што самиот вели, постојано е во музиката.
Димитар бил дел од тимот финалисти на М2 продукција во 2003, а во полуфиналето ја отпеал „Ми требаш како молитва“ на Игор Узунов.[1] Бил еден од придружните вокали на Тијана Дапчевиќ на Евровизија 2014.[2]
Дискографија
уредиАлбуми
уреди- Потрага по соѕвездие (2003)
Синглови
уреди- 1994 година: „Кога Ема Би Знаела“
- 2003 година: „Не Сакав Да Те Засакам“
- 2006 година: „Сè уште ме сонуваш“
- 2006 година: „Исти Зборови“
- 2008 година: „Ми зеде се“
- 2009 година: „Заробени во сон“
- 2009 година: „Ова небо знае се“
- 2010 година: „Камено срце“
- 2010 година: „Гледај ме во очи“
- 2011 година: „Свој на Своето“
- 2012 година: „Добро Ме Познаваш“
- 2013 година: „Месечина“
- 2013 година: „Ако Ме Боли“
- 2013 година: „Во мене љубовта умира“
- 2013 година: „Разбуди ме на полноќ“
- 2014 година: „Се што ти ветив“
- 2015 година: „Жал ми е“
Наводи
уреди- ↑ „Димитар Андоновски“. web.archive.org. 2012-05-31. Архивирано од изворникот на 2012-05-31. Посетено на 2020-10-21.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Димитар Андоновски се подготвува за „Славјански базар" во Белорусија“. RadioMK. Архивирано од изворникот на 2020-10-31. Посетено на 2020-10-27.