Гаврила Державин
Гаврила Романович Державин (14 јули 1743 – 20 јули 1816) — истакнат руски поет кој важел за најголемиот пред Пушкин. Иако обично се смета дека неговите дела му припаѓаат на книжевниот класицизам, неговите најдобри стихови се полни со антитеза и спротивставени гласови на начин кој потсеќа на Џон Дан и други метафизички поети.
Гаврила Романович Державин | |
---|---|
Портрет на Державин | |
Занимање | поет, државник |
Период | класицизам |
Потпис |
Во негова чест е именуван Меѓународниот славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, приватна високообразовна установа во Битола и Свети Николе. Воедно по него е наречена и наградата „Державин“ која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија.
Живот
уредиДержавин е роден во Казањ. Неговиот далечен предок мурза Багрим, кој се преселил од Големата Орда во XV век во Москва, бил покрстен и станал вазал на рускиот велик кнез Василиј II[1]. Но сепак, во XVIII век татко му бил само сиромашен селски благородник, кој умрел додека Гаврила бил мал. Таму Гаврила учел малку гимназија, а потоа заминал за Петербург како поручник во гардата. Таму се воздигнал од обичен војник до највисок државник под покровителство на Катерина Велика. Најпрвин ги воодушевил командантите за време на Пугачевскиот бунт. Политички остроумен, ја напуштил војската, па пристапил кон служба во државните институции, и со тоа понатаму напреднал во кариерата. Станал губернатор на Олонец (1784) и Тамбов (1785), личен секретар на царицата (1791), претседател на Стопанскиот колегијат (1794), па на крај станал министер за правда (1802). Се пензионирал во 1803 и го минал остатокот од животот на селскиот имот кај Званка близу Новгород, пишувајќи идили и анакреонски стихови. Починал во 1816 и бил погребан во Хутинскиот манастир близу Званка, а во советско време, препогребан во новгородскиот кремљ, па потоа вратен во манастирот.
Дела
уредиДержавиновите најпознати дела се одите, посветени на царицата и други дворјани. Не обраќал внимание на превалентниот систем на жанрови, и многу оди се одликуваат со елегиски, хумористични или сатирични содржини. На пример, во неговата велика ода за царицата, тој споменува како требел вошки од косата на жена си и ја споредувал сопствената поезија со лимонада.
За разлика од другите класични поети, Державин уживал во внимателно одбрани детали, како бојата на тапетот во неговата спална соба или поетскиот инвентар на неговиот оброк. Сметал дека францускиот е јазик ан хармонијата, а рускиот, јазик на расправијата. Иако се насладувал со хармонични алитерации, понекогаш намерно го инструментирал стихот за да постигне ефект на какафонија.
Поважни оди му се беспрекорната „За смртта на кнез Мешчерски“ Архивирано на 18 октомври 2007 г. (1779); игривата „Фелица“ (1784); возвишената „Бог“ Архивирано на 18 октомври 2007 г. (1785), преведена на сите европски јазици; „Водопад“ (1794), по повод смртта на кнезот Потемкин, и „Зимовка“ Архивирано на 18 октомври 2007 г. (1800), тажна елегија за смртта на неговиот пријател Суворов. Исто така го напишал текстот на првата руска химна, Грому на победата, раздавај се!
Мисли
уреди- Каде беше полна трпеза, таму гроб стои
- Јас сум цар - јас сум роб, - јас сум црв, - јас сум бог
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Дела од Гаврила Романович Державин на проектот „Гутенберг“
- Державин - илустрирана хронологија Архивирано на 20 јуни 2010 г. (англиски)
- Страница на Меѓународниот славјански институт „Г.Р. Державин“ (Битола и Свети Николе) Архивирано на 21 јуни 2011 г. (македонски)