The Astrophysical Journal (мак. „Астрофизичко списание“) е рецензентско научно списание посветено на астрономијата и астрофизиката. Основано е во 1895 г. од американските астрономи Џорџ Е. Хејл и Џејмс Е. Килер. Излегува трипати месечно, а секој број има по 500 страници.

The Astrophysical Journal  
Скратен наслов (ISO)Astrophys. J.
Дисциплинаастрономија, астрофизика
Јазиканглиски
УредникЕтан Вишнијак
Издавање
Издавач
Institute of Physics Publishing (САД)
Историја1895–денес
Честота3 месечно
Заведување
ISSN0004-637X (печатено)
1538-4357 (семрежно)
Врски

Од 1953 г. наваму, заедно со списанието излегува и прилогот The Astrophysical Journal Supplement Series („Прилози кон Астрофизичкото списание“). Се објавува во шест тома годишно, со два броја од по 280 страници во секој том. Издавач на списанието и прилогот долго време било Издаваштвото на Чикашкиот универзитет (University of Chicago Press), во име на Американското астрономско друштво. Во јануари 2009 издавачката должност му припаднала на Издаваштвото на Институтот за физика (Institute of Physics Publishing),[1] по префрлањето на матичното списание на друштвото, Astronomical Journal во 2008. Промените се случиле поради покачувањето на цените за издавање.[2]

Друг дел од списанието е додатокот The Astrophysical Journal Letters („Писма на Астртофизичкото списание“) наменет за брзи објавувања.

Истакнати уредници

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „American Astronomical Society Selects Institute of Physics Publishing As New Publishing Partner“. PR Newswire Europe Ltd. 25 април 2007. Посетено на 21 јули 2007.
  2. Howard, Jennifer (18 мај 2007). „U. of Chicago Press Loses 3 Journals After Publishing Agreement Is Changed“. Chronicle of Higher Education. Посетено на 12 февруари 2009.
  3. Helmut A. Abt (1 декември 1995). „Obituary - Chandrasekhar, Subrahmanyan“. Astrophysical Journal. Bibcode:1995ApJ...454..551A.

Надворешни врски

уреди