Мало Црско

село во Општина Кичево
(Пренасочено од Мало Церско)

Мало Црско — село во областа Железник, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Демир Хисар. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Мало Црско

Поглед на селото

Мало Црско во рамките на Македонија
Мало Црско
Местоположба на Мало Црско во Македонија
Мало Црско на карта

Карта

Координати 41°24′10″N 21°1′0″E / 41.40278° СГШ; 21.01667° ИГД / 41.40278; 21.01667
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Железник
Население 6 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6255
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12046
Надм. вис. 980 м
Мало Црско на општинската карта

Атарот на Мало Црско во рамките на општината
Мало Црско на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Влезот на селото

Селото се наоѓа во областа Железник, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, недалеку од десната страна на патот Кичево-Демир Хисар.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 980 метри. Од градот Кичево е оддалечено 18 километри.[2]

Селото е сместено на тераса, во непосредна близина на соседното село Големо Црско.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Ѓуро’а Грмада, Поникви, Кладнички Поникви, Ѓуров Драб, Горни Мериз, Шенски Дол, Корија, Црвени Солишта, Дамјаноец, Осој, Миле’и Нивје, Грмаѓе, Попо’а Чука, Загора, Длга Нива, Осојница, Костечки Дол, Пропаз, Пупчево, Смрека, Саве’и Нивје, Бресто’и, Тумач, Широка Падина, Комчиња, Камче, Папуџи’ица, Средни Рид, Охридска Нива, Падишта, Лоло’и Нивје, Калајно’и Кошари, Домадетска Гла’а, Веско’а Падина, Влак, Суводол, Петришница, Лакшур, Еѓупиште и Власоец.[3]

Историја

уреди
 
Селската чешма во Мало Црско

Има траги на постара населба. Под селото се наоѓаат рушевини од тврдина.[3]

Според верување на мештаните, во далечното минато селата Големо и Мало Црско претставувале една населба, која била сместена во месноста Грмаѓе. Жителите на населбата за да ги избегнат честите грабежи се повлекле во долините на планините Влак и Осој, со што настанале денешните две села.[4]

Во XIX век, Мало Црско било село во Демирхисарската нахија во Битолската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди
 
Поглед на Церско Поле, кое е во непосредна близина на селото

Атарот зафаќа простор од 12,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 720 хектари, на пасиштата отпаѓаат 237 хектари, а на обработливото земјиште само 211 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948292—    
1953234−19.9%
1961122−47.9%
197140−67.2%
198122−45.0%
ГодинаНас.±%
19913−86.4%
19945+66.7%
20021−80.0%
20216+500.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мало Црско имало 250 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Мало Црско имало 360 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мало Црско се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[8]

Селото е мало, во фаза на целосно раселување, бидејќи во 1961 година броело 122 жители, а во 1994 година само пет жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Мало Црско живеел само 1 жител, Македонец.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 360 292 234 122 40 22 3 5 1 6
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Мало Црско е православно македонско село. Денешното село е основано од избегани жители од раселеното село Црско кое постоело кај селото Поум, Струшко, од таму избегале двајца браќа поголемиот брат го основал селото Големо Црско, а помалиот брат го основал селото Мало Црско. Избегале во време кога во Поум, Делагожда и Корошишта почнале да се населуваат Албанци, т.е. почетокот на XIX век.[3][14]

Родови во селото се: Станковци (1 к.), Шаколевци (7 к.), Мијовци (4 к.), Ристевци (7 к.), Гаџовци (1 к.), Ѓиковци (4 к.), Расолковци (6 к.), Дашковци (2 к.), Борозановци (10 к.), Гаревци (7 к.) и Алиџановци (6 к.), сите се доселени од раселеното село Црско и Златановци (1 к.) доселени од селото Вранештица.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Ристевци со Гаџовци (13 к.), Блажевци со Расолковци (5 к.), Станковци со Цулевци (1 к.), Златановци со Алиџановци, Папазовци и Трајковци (5 к.), Борозановци (8 к.), Толковци (2 к.), Гаревци со Тримовци и Мијовци (13 к.), Шикалевци со Божановци и Даскаловци (4 к.), Волчевци со Трпевци (4 к.).[15]

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било седиште на тогашната Општина Мало Црско, во која покрај селото Мало Црско, се наоѓале и селата Велмевци, Големо Црско, Кладник, Прострање и Цер.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0781, кое според Државната изборна комисија е сместено во месната заедница во селото Цер, а во кое влегуваат селата Големо Црско, Мало Црско и Цер.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 66 гласачи.[17] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Поглед кон селската црква „Св. Недела“
Цркви[20]
Спомен-плочи

Личности

уреди
Родени во Мало Црско

Иселеништво

уреди

Во Франција заминале Кантаровци (1 к.) и Станковци (2 к.). Некои од родот Богоевци заминале во Шабац, бидејќи некои Арбанаси сакале да им ја грабнат сестрата. Има отселени жители во Битола (до 1952 година се иселиле 39 семејства), во Софија и други места во Бугарија (каде се иселиле преку 15 семејства), доста население се иселило и во САД (околу 10 семејства), а помалку во Кичево (4 семејства), Романија, Ресен, Грција, Египет.[3][15] Иселувањето продолжило и после 1952 година, денес селото е пред целосно изумирање.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 190. Посетено на 12 февруари 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
  4. „Мој Роден Крај“. mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-11-16. Посетено на 2019-02-12.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 172-173.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 15.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 февруари 2019.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  15. 15,0 15,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 12 февруари 2019.
  17. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-12-09. Посетено на 12 февруари 2019.
  18. „Референдум 2018“. Посетено на 12 февруари 2019.[мртва врска]
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 22.
  22. Софија помни
  23. Спространов, Евтим. Дневник, Македонски научен институт, София, 1994, стр. 32.
  24. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 23.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди