Петре Димоски
Петре Цветанов Димоски ( 1912 во Мало Црско, Кичевско — 1944 во Радолишта, Струшко) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Петре Димоски | ||
Роден | 1912 година Мало Црско, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | ноември, 1944 година Радолишта, Струшко, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиНекое време работел во Кичево како угостителски работник. Воен рок служел во старата југословенска војска, а во 1944 година се приклучил во единиците на НОВ на Македонија и бил борец во Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во завршните борби за ослободувањето на Западна Македонија. Во ноември 1944 година, во борбите со Германците за ослободувањето на Струга, загинал во селото Радолишта, Струшко.[1]