Дунавка Николоска
Дунавка Боризова Николоска ( 1923во Мало Црско, Кичевско — 1945во Битола) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Дунавка Николоска | ||
Родена | 1923 година Мало Црско, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починала | јануари, 1945 година Битола, Македонија | |
Националност | Македонка |
Животопис
уредиПотекнувала од селско семејство кое се занимавало со земјоделство. Како активна младинка и член на СКОЈ, во септември 1944 година стапила во редовите на Првата македонска бригада, а потоа во Командата на градот Кичево. Во една акција била тешко ранета и пренесена во болницата во Битола каде починала од добиените рани во јануари 1945 година.[1]