Македонистика

(Пренасочено од Македонизам)
Македонизам води тука. За други значења на поимот, видете македонизам (појаснување).

Македонистика[1] — наука која ги проучува развојот, правописот и другите одлики на македонскиот јазик.

Историски развој

уреди

Почетоците на македонистиката се поврзани со политичките состојби на Балканскиот Полуостров во времето на османлиското владеење. Поради територијалните претензии на новосоздадените словенски држави Србија и Бугарија кон Македонија, кај нив се јавила потребата за докажување на културната поврзаност на населението на Македонија со она во нивните држави. Притоа македонистиката во најголем дел се развива како дел од политичките спорови околу припадноста на Македонците, а со тоа и припадноста на териториите коишто тие ги населуваат.

Интересот на славистите за Македонија, за македонските дијалекти, литература и народно творештво датира уште од времето на основачот на славистиката Јозеф Добровски (1753-1829). Почетоците на организирано учење на македонскиот јазик на ниво на академска настава се врзуваат со првото предавања по македонски јазик одржано на Карловиот универзитет во Прага во 1946, а го одржал професорот Антонин Фринта. Оттогаш наваму македонскиот јазик и македонската книжевност претставуваат предмет на научен интерес за повеќе специјалисти - слависти и балканисти, за што сведочат бројните трудови напишани од странските македонисти, а македонскиот јазик стана наставен предмет застапен на околу 30 универзитети во светот.

Поистакнати имиња на македонската струја во лингвистичката наука се Ѓорѓи Пулевски, Крсте Петков Мисирков, Петар Драганов...

Современ развој

уреди

Својот вистински расцут македонистиката го доживува по обновувањето на македонската државност во 1944 година. Со кодификацијата на современиот македонски литературен јазик и основањето на низа образовни и научни установи чиј основен предмет на изучување е македонскиот јазик, се создаваат сите услови за непречено и објективно развивање на македонистиката како дел од светската лингвистичка наука.

Македонистиката во словенските земји

уреди

Првото предавање по македонски јазик на странски универзитет е одржано 1946 г. на Карловиот универзитет во Прага, еден од најстарите универзитети во Европа, а го одржал професорот Антонин Фринта. Тој држел предавања по македонски јазик од 1946 до 1948 година. Со ова почнува пробивот на македонистиката на странските универзитети. Оттогаш до денес настава по македонски јазик се одржувала и се одржува на околу 30 универзитети во странство. Најзастапени се центрите во коишто се изучува македонскиот јазик во словенските земји. Разбирливо е дека најголем интерес за македонистиката постои во словенските земји, впрочем таква е состојбата и со другите словенски јазици зашто токму во овие земји постои и најширок интерес за славистичките студии.

Македонистиката во несловенските земји

уреди

Македонистиката во несловенските земји е од големо значење за самиот македонски јазик. Истражувањата и публикациите уште во 19 век во Германија, Австрија, Франција, а подоцна и во САД, Италија, Австралија, Канада, Јапонија и други помогнале во стандардизацијата на македонскиот јазик и негово меѓународно промовирање. Низ голем број странски факултети се предава македонскиот јазик и опстојуваат голем број на македонски катедри. Најпознат несловенски македонист е Виктор Фридман и Кристина Крамер и Хорас Лант.

Институции

уреди

Македонистиката во светот

уреди

Универзитетски лекторати по македонски јазик има во Италија, Полска, Романија, Русија, Словенија, Франција, Хрватска, Чешка, САД, Австралија, Јапонија и во други држави.

Истакнати македонисти

уреди

Ова е нецелосен список на истакнати македонисти и се подредени по азбучен ред.

Наводи

уреди
  1. Димитар Пандев, Вовед во Македонистиката, Скопје, Македонска реч, 2010

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди