Андре Вајан (Суасон, 1 јули 1890 - Париз, 23 април 1977 ) – француски славист, класичен филолог и романист, дописен член на МАНУ (од 25 јули 1969).[1]

Андре Вајан
Роден André Vaillant
1 јули 1890
Суасон
Починал 23 април 1977
Париз
Националност Французин
Занимање славист, академик

Животопис

уреди

Вајан бил професор на Ecole nationale des langues orienetales, Ecole pratique des Hautes Etudes и Collége de France, наследник на Андре Мазон. Првиот непосреден допир со Македонија го имал како француски војник на Македонскиот фронт во времето на Првата светска војна. Тогаш, како потпоручник во Главниот штаб, имал задача во „околината на Лерин да ја испита јазичната ситуација, обичаите и спомениците“, при што започнал и со собирање на македонски народни песни и приказни. Притоа, меѓу другото, утврдил дека „Во Македонија, српска и грчка, постои само македонски јазик...“ Во неговите научни истражувања посебно го интересирале и старословенскиот јазик и книжевноста, компаративната граматика на словенските јазици и сл. Се занимавал и со македонската дијалектологија и македонскиот јазик во рамките на јужнословенската јазична група. Автор е на дваесетина книги и на голем број статии и други прилози. По катастрофалниот Скопски земјотрес (1963) испратил книги во Скопје. Бил дописен член на ЈАЗУ и САНУ.[1]

Творештво

уреди
  • Marko Kraljević et la Vila, „Révue des Ñtudes Slaves“, VII, Paris, 1928;
  • Les chants épiques des Slaves du Sud, Paris, 1932;
  • Le problème du slave macédonien, „Bulletin de la Société de Linguistique de Paris“, vol 39, 2, No 116, Paris, 1938, p. 195;
  • Mélanges en l’honneur de Jules Legras, Paris, 1939;
  • Marko Kraljević et son frêre Andrijaš, Mélanges Henri Grégoire, I, Bruxelles, 1949;
  • Un lexique macédonien du XVI siécle, Paris, 1958 (Македонски речник од 16 век).

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 234. ISBN 978-608-203-023-4.