Далибор Брозовиќ
Далибор Брозовиќ (Сараево, 28 август 1927 - Загреб, 19 јуни 2009 ) – хрватски лингвист, славист, кроатист, член на ХАЗУ, а од 1986 член и на МАНУ надвор од работниот состав.[1]
Далибор Брозовиќ Dalibor Brozović | ||
Роден | 28 август 1927 Сараево | |
---|---|---|
Починал | 19 јуни 2009 Загреб | |
Националност | Хрват | |
Занимање | универзитетски професор, академик |
Животопис
уредиНеговата библиографија брои над илјада позиции, меѓу кои и книги. Во центарот на неговиот интерес е фонолошката проблематика на словенските јазици на стандардно и на дијалектно ниво и социолингвистичката одлика и статусот на словенските стандардни јазици. Во неговите трудови видно место зазема македонската проблематика. Во статијата Das Grundgesetz der makedonischen Prosodie („Wiener slavistisches Jahrbuch“, 21, 1975) прв пат ја формулира денеска општоприфатената теза дека во македонската прозодија треба да се бројат мори, а не само слогови. Автор е и на статијата „Македонски језик“ во Хрватската енциклопедија.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 212. ISBN 978-608-203-023-4.