Кристина Крамер
Кристина Елизабет Крамер е македонист, славист и професор по македонски јазик и руски јазик. Професор е на Универзитетот во Торонто и декан на катедрата за словенски јазици при факултетот за уметност и наука. Крамер е автор на книгата за македонски јазик: Македонски:Курс за почетници и напредни студенти. Книгата била објавена за првпат во 1999 година, повторена и проширена во второто издание во 2003 и е најширокоприфатената англиско-македонска книга. Таа е специјалист за балкански јазици и семантика, особено македонскиот јазик и јужните словенски јазици. Нејзините истражувања ги опфатиле следните области: синхронизирана лингвистика, социолингвистика, глаголски категории, јазици и политички погледи. Моментало предава македонски јазик.
Образование
уреди- 1975: Дипломиран студент (руски јазик и споредбена литература[1]), Белоит Колеџ, Белоит, Висконсин
- 1980: магистер (Словенски јазици и литература), Универзитет на Северна Каролина
- 1983: Доктор на науки, Универзитет на Северна Каролина [2]
Таа работела како преведувач на македонски јазик, руски јазик, српскохрватски јазик и турски јазик[1]. Од 1986 година Крамер е дел од Универзитетот во Торонто. Како редовен професор е прогласена во мај 2001[3].
Дела
уреди- Christina E. Kramer (2003): Macedonian (= Makedonski jazik): A Course for Beginning and Intermediate Students. Revised and expanded second edition. University of Wisconsin Press. May 2003. ISBN 9780299188047
- Christina E. Kramer/Brian Cook (1999): Guard the Word Well Bound: Proceedings of the Third North American-Macedonian Conference on Macedonian Studies. Slavica Pub: Indiana Slavic Papers, vol. 10 (1999). ISBN 9789991972534
- Eran Fraenkel (Author), Christina Kramer (Editor) (1993): Language Contact-Language Conflict (Balkan Studies). Peter Lang Publishing. ISBN 9780820416526
- Christina E. Kramer (1986): Analytic Modality in Macedonian. (Slavistische Beiträge) Munich: Verlag Otto Sagner. ISBN 9783876903439
- Christina Kramer (1985): Makedonsko-Angliski Razgovornik. Skopje: Seminar za makedonksi jazik.
- See full list Архивирано на 28 октомври 2007 г.
Награди
уредиВо 2006 година Крамер била наградена од страна на Американската асоцијација на професори за словенски и источноевропски јазици за најдобар придонес на педагогијата на јазикот за нејзината книга: Македонски: Курс за почетници и напредни студенти. Наградата ја примила во Филаделфија на 28 декември 2006[4].
Надворешни врски
уреди- Лично мрежно место Архивирано на 31 декември 2006 г.
- Македонски јазик: Курс за почетници и напредни студенти Архивирано на 3 јули 2007 г.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 http://server1.fandm.edu/departments/CollegeRelations/PressReleases/2000-01/PR149.html Архивирано на 7 август 2007 г. Посетено на 28 мај 2007
- ↑ http://www.utoronto.ca/ceres/faculty.html Архивирано на 25 мај 2007 г. Посетено на 28 мај 2007
- ↑ http://www.ualberta.ca/~csp/cas/nletters/nletter_fall_2001.pdf Посетено на 28 мај 2007
- ↑ http://www.news.utoronto.ca/bin6/briefly/awardsFeb07.asp Посетено на 28 мај 2007