Јуми Накаџима (јапонски: 中島由美, Yumi Nakajima) е познат македонист и дијалектолог. Професор по славистика и македонски јазик во Државниот Универзитет во Токио.[1] Јуми е дијалектолог и професор по славистика. На специјализација била во Нови Сад како стипендист од Јапонија. Студирала во Скопје, македонски јазик и литература и упатена и раководена од професор Видоески. Јуми Накаџима учествувала на повеќе семинари за славистика. Таа со проучување на македонскиот јазик се занимава веќе 25 години[2].

Јуми Накаџима има издадено мал разговорник на македонски јазик а во подготовка е и речник и проширување на македонскиот разговорник. Исто така, Јуми досега има издадено и преводи на делата на Кочо Рацин, Блаже Конески и на браќата Миладиновци, објавени на јапонски јазик[2].

Цитати уреди

„Македонскиот јазик е интересен особено поради примесите од народниот говор. Иако македонскиот литературен јазик е релативно нов, Македонија има богата народна култура, која е многу богата и интересна“[1].

Наводи уреди

Надворешни врски уреди