Кажимјеж Фелешко

полски македонист

Кажимјеж Фелешко (полски:Kazimierz Feleszko; 18 септември 1939 - 2 јули 2001) бил романописец, македонист и славист[1].

Казимјеж Фелешко
Kazimierz Feleszko
Роден Kazimierz Feleszko
18 септември 1939
Черњовице, Полска (денес Украина)
Починал 3 јули 2001
Варшава, Полска
Националност Полјак
Познат јазичар, македонист и славист
Занимање професор, лингвист, издавач

Животопис

уреди

Фелешко е роден на 18 септември 1939 година во Черњовице, Татранска Буковина, што припаѓала на Полска, а денес се наоѓа во Украина. По војната неговото семејство било преселено на Шлеска во гратчето Прудњик. Таму ја завршува матурата и се запишува на Варшавскиот универзитет на славистички студии, во првата генерација студенти на групата српскохрватски. Целиот свој работен стаж д-р Фелешко го поминува на Славистичкиот институт на ПАН, Институтот за словенска филологија на Варшавскиот универзитет. Неговите интереси се свртени кон јужнословенските јазици и односите помеѓу полскиот и германскиот јазик. од големо значење се неговите трудови од областа на полско-македонската јазична конфронтација посветени на: дистрибуцијата на глаголите е/има – byc/miec, на безличната реченица во македонскиот јазик, за категориите вид и време кај македонските претеритни форми, за временските реченици во македонскиот јазик, за подредената реченица и функциите на ИС во македонскиот јазик и други. Прекрасно го познавал меѓу другите јазици и македонскиот јазик, како говорниот така и неговата структура. Работел во ПАН врз македонската синтакса (1962-1967) и потоа врз јужнословенската синтакса (1967-1979). Умира на 3 јули 2001 година[1].

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Биографија“. Архивирано од изворникот на 2012-03-12. Посетено на 2009-06-12.

Поврзано

уреди