Лукас Хамилтон

австралиски велосипедист

Лукас Хамилтон (англиски: Lucas Hamilton; р. 12 февруари 1996) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[2]

Лукас Хамилтон
Хамилтон на Трката околу Фландрија за млади 2016
Лични податоци
Цело имеЛукас Хамилтон
Роден12 февруари 1996(1996-02-12)(28 г.)
Арарат, Викторија, Австралија Австралија
Податоци за клубот
Мом. клубТим Џејко-АИУла
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување[1]
Аматерски клубови
2016 Џајко-АИС академија Светска турнеја
Последна промена
28 октомври 2022

Хамилтон се квалификувал за Летните олимписки игри 2020 и возел на друмската трка. Трката била одржана во лоши услови, а на нејзе завршил на 71. место.[3][4]

Рани години уреди

Хамилтон започнал со велосипедизам како дванаесетгодишен со локалниот клуб. Поради добрите резултати добил стипендија од Институтот за спорт на Викторија во 2014 година.

Хамилтон го добил првиот повик во националната репрезентација на 20 години, во 2016 година. Се тркал на Светското друмско првенство под 19 години и потоа го освоил планинскиот пласман на Тур де л’Авенир 2016. Трката се смета како Тур де Франс под 23 години, а на трката завршил второпласиран.[5]

Кариера уреди

Хамилтон потпишал тригодишен договор со Орика-Скот во 2017 година. Истата година го освоил океанското друмско првенство под 23 години и завршил на импресивните втори места на Џиро Чиклистико д’Италија 2017, ГП Палио дел Речото и ГП Мармо.

Хамилтон бил прогласен најдобар млад возач на австралискиот еднодневен класик Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“. Се приклучил на Мичелтон-Скот во 2018 година и оттогаш продолжил да има напредок во светските пласмани. Ги освоил првата и втората етапа на Хамер Ставанџ, а во 2019 година ги освоил првата и четвртата етапа на Трката околу Чешка.

Во мај 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2019.[6]

Се вратил во Австралија за Тур Даун Андер 2020, каде завршил на деветтото место. Исто така, завршил втор на националното друмско првенство. Истата година, Лукас ја освоил својата прва победа во Светската турнеја на четвртата етапа на Тирено-Адријатико.

Хамилтон ја започнал својата четврта професионална година потпишувајќи со Тим БајкЕксчејнџ. Ја предводел екипата на Тур де Франс 2021 во нивната кампања за генералниот пласман.

Достигнувања уреди

2014
1.   Океанско јуниорско друмско првенство
1.   Национално јуниорско друмско првенство
2016
2. Краен пласман Ан Пост Рас
2017
1.   Океанско друмско првенство
1.   Краен пласман Тур Алзас
1.   Пласман за млад возач
1.   Планински пласман
2. Краен пласман Џиро Чиклистико д’Италија
1. Етапа 5b (ITT)
2. Трофео Едил С
2. Џиро дел Белведере
2. ГП Палио дел Речото
3. Краен пласман Тоскана-Тера ди Чиклисмо
3. Лиеж-Бастоњ-Лиеж за млади
4. Краен пласман Тур де л’Авенир
7. Краен пласман Хералд Сан Тур
2018
7. Краен пласман Сетимана Интернационале Копи е Бартали
2019
1.   Краен пласман Сетимана Интернационале Копи е Бартали
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 1b (TTT)
2. Краен пласман Трка околу Чешка
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 4
6. Краен пласман Хералд Сан Тур
2020
1. Етапа 4 Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Чешка
2. Национално друмско првенство
9. Краен пласман Тур Даун Андер
2021
4. Краен пласман Париз-Ница
5. Национално хронометарско првенство
8. Краен пласман Тур де Романди
10. Краен пласман Волта а Каталуња

Распоред на резултатите во генералниот пласман уреди

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2018 2019 2020 2021 2022
  Џиро 25 СО 13
  Тур СО
  Вуелта 54 78
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2018 2019 2020 2021 2022
  Париз-Ница 4 СО
  Тирено-Адријатико 32
  Волта а Каталуња НСО 10
  Трка околу Баскија 61 15 СО
  Тур де Романди 28 8
  Критериум ди Дофине 47
  Тур де Свис НСО

— = не учествувал; СО = се откажал; НСО = не се одржал

Наводи уреди

  1. Giuliani, Simone (19 January 2021). „10 riders to watch at the Santos Festival of Cycling“. cyclingnews.com. Посетено на 25 June 2021.
  2. „GreenEDGE Cycling“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
  3. „Lucas HAMILTON“. Olympics.com. Архивирано од изворникот на 2021-11-21. Посетено на 2021-11-21.
  4. „Cyclists at the 2020 Olympics“.
  5. „Lucas Hamilton“. Australian Olympic Committee (англиски). Посетено на 2021-11-21.
  6. „2019: 102nd Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 8 мај 2019.

Надворешни врски уреди