Герде (слободна област)
Герде (германски: Göhrde) — слободна област во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Областа има површина од 51,81 км2 и претставува дел од Државната шума Герде. Областа е заокружена од општината Герде на североисток и исток и со општината Цернин на југоисток и југ во истиот округ. На југозапад и запад се граничи со округот Илцен, а на северозапад и север со округот Линебург.
Слободната област е ненаселена. Во рамките на областа се наоѓа населените енклави Колазе, Ретен и Циниц, кои претставуваат делови на општината Герде.