Кленце (германски: Clenze) — општина во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 20 километри северозападно од градот Залцведел и 25 километри источно од градот Илцен.

Кленце
Општинското собрание на Кленце
Општинското собрание на Кленце
Општинското собрание на Кленце
Грб на Кленце
Кленце во рамките на Германија
Кленце
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Лихов-Даненберг
Општ. заед. Лихов
Месни единици 28
Градоначалник Уве Шулц
Основни податоци
Површина 71,77 км2
Надм. височина 25 м
Население 2.301 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 32 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. DAN
Пошт. бр. 29459
Повик. бр. 05844
Местоположба на Кленце во рамките на округот Лихов-Даненберг
Карта
Карта
Координати 52°56′9″N 10°57′21″E / 52.93583° СГШ; 10.95583° ИГД / 52.93583; 10.95583

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Потекло на името

уреди

Полапското име на Кленце е Клонцка (Klǫcka).

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Општина се наоѓа на ридскиот масив Дравен, околу 16 километри од окружниот град Лихов. На запад се граничи со долносаксонскиот округ Илцен, а на југоисток се наоѓа округот Алтмарк Залцведел во сојузната покраина Саксонија-Анхалт.

Општински единици

уреди

Општината Кленце е составена од следниве места:

Баузен, Безеланд, Безен, Браудел, Бусау, Кленце, Корфин, Далиц, Гистенбек, Голефанц, Гранштет, Грос Захау, Гурајцен, Касау, Клајн Захау, Клостер, Кусебоде, Лефиц, Мојслисен, Мицен, Присек, Кварцау, Редерајц, Заткау, Шланау, Зелвиг и Фадензен.

До 1 ноември 2006 година, Кленце претставувало административно седиште на истоимената општинската заедница, која денес е дел од општинската заедница Лихов.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди