Берген на Думе
Берген на Думе (германски: Bergen an der Dumme) — општина во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Берген на Думе | |
Главната улица низ местото | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Лихов-Даненберг |
Општ. заед. | Лихов |
Месни единици | 8 |
Градоначалник | Хајдемари Шулц (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 25,48 км2 |
Надм. височина | 22 м |
Население | 1.434 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 56 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | DAN |
Пошт. бр. | 29468 |
Повик. бр. | 05845 |
Портал | www.bergen-dumme.de |
Местоположба на Берген на Думе во рамките на округот Лихов-Даненберг | |
Координати | 52°53′0″N 10°58′0″E / 52.88333° СГШ; 10.96667° ИГД |
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Потекло на името
уредиПолапското име на Берген е Тјорска (Tjörska), што веројатно потекнува од тјора со значење „гора“ на словенските јазици.
Географија
уредиМестоположба
уредиБерген на Думе се наоѓа во југозападниот дел на областа Вендланд. Се наоѓа јужно од Дравен на јужниот раб од природниот парк Елбхеен-Вендланд и низ еден нејзин дел тече потокот Вустровер Думе, притока на Јецел.
Општински единици
уредиОпштината Берген на Думе се состои од следниве места:
- Банцау
- Белау
- Берген на Думе
- Јигел
- Малслебен
- Нинберген, до 16 март 1936 г. познато како Ниндорф кај Берген[2]
- Шпитал
- Венинген
Околу 80% од населението живее во средиштето на општината.
Галерија
уреди-
Црквата „Св. Павле“ во Берген
-
Фахверк градба
-
Хотел
-
Општинското собрание
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Statistik des Deutschen Reichs, Band 450: Amtliches Gemeindeverzeichnis für das Deutsche Reich, Teil I, Berlin 1939; Seite 265
Надворешни врски
уреди- Берген на Думе на Ризницата ?