Горлебен (германски: Gorleben) — општина во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Горлебен
Средиштето на Горлебен
Средиштето на Горлебен
Средиштето на Горлебен
Горлебен во рамките на Германија
Горлебен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Лихов-Даненберг
Општ. заед. Гартов
Месни единици 2
Градоначалник Клаус Хофштетер (WG)
Основни податоци
Површина 21,25 км2
Надм. височина 20 м
Население 607 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 29 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. DAN
Пошт. бр. 29475
Повик. бр. 05882
Портал www.gorleben.de
Местоположба на Горлебен во рамките на округот Лихов-Даненберг
Карта
Карта
Координати 53°02′53″N 11°21′20″E / 53.04806° СГШ; 11.35556° ИГД / 53.04806; 11.35556

Горлебен е познат како место на контроверзниот објект за одлагање на радиоактивен отпад, моментално користен како привремен објект, но се планира да стане од траен карактер со изградба на длабоко складиште. Поради тоа привлекува чести протести од заштитниците за животната средина од 1970-тите години.

Потекло на името

уреди

Името Горлебен има словенско потекло и веројатно потекнува од Гор (Goor), што означува планина, и Лебен (leben), што означува наследство.

Географија

уреди

Малото место се наоѓа непосредно на левиот брег на реката Елба. Местото е обиколено од биосферниот резерват Долносаксонски Елбталауе од исток, север и северозапад, додека на југ се наоѓа шумската област Гартовер Танен. Оваа шумска област е најголемата непрекината шума во Германија, поседувана од грофот Бернсторф од Гартов.

Општински единици

уреди

Општината Горлебен се состои од следниве места:

  • Горлебен
  • Мечов

Историја

уреди

Горлебен бил првпат споменат од владетелите на Грофовијата Даненберг во 1360 година, кога постоела тврдина.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди