Гартов
Гартов (германски: Gartow) — општина во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на крајниот исток од Долна Саксонија, недалеку од реката Елба, околу 30 километри североисточно од градот Залцведел и 20 километри западно од Витенберге.
Гартов | |
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Гартов | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Лихов-Даненберг |
Општ. заед. | Гартов |
Месни единици | 3 |
Градоначалник | Магда Гелдмахер (UWG) |
Основни податоци | |
Површина | 28,28 км2 |
Надм. височина | 17 м |
Население | 1.533 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 54 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | DAN |
Пошт. бр. | 29471 |
Повик. бр. | 05846 |
Портал | www.gartow.de |
Местоположба на Гартов во рамките на округот Лихов-Даненберг | |
Координати | 53°01′26″N 11°27′27″E / 53.02389° СГШ; 11.45750° ИГД |
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија
уредиМестоположба
уредиГартов се наоѓа во историската област Вендланд на западниот брег на реката Зеге, лева притока на Елба. Од 1970-тите години, реката Зеге е проширена во вештачко езеро, направено северно од Гартов. Местото е опфатено во биосферниот резерват Долносаксонски Елбталауе. Јужно од Гартов се протега големо шумско подрачје познато како Гартовер Танен. Највисоката точка изнесува 32 метри.
Низ местото поминува сојузниот пат Б493 помеѓу Лихов и Шнакенбург.
Општински единици
уредиОпштината Гартов се состои од следниве три места:
- Гартов
- Лаше
- Нинвалде (познато како Ниндорф кај Гартов до 16 март 1936 г.)[2]
Знаменитости
уредиВо Гартов се наоѓа предавател за радио и телевизиски пренос со кули високи над 300 метри. На 20 август 2009 година, помалата кула била срушена со експлозиви. До повторното обединување на Германија, овој предавател бил исто така користен за директна радиоврска со поранешен Западен Берлин.
Во соседниот Горлебен е планирано складиште за јадрен отпад. Ова довело до многу контроверзи и протести во областа.
Галерија
уреди-
Велепоседничка куќа Гартов
-
Главната улица во Гартов
-
Гартовско Езеро
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Statistik des Deutschen Reichs, Band 450: Amtliches Gemeindeverzeichnis für das Deutsche Reich, Teil I, Berlin 1939; Seite 265