Алтмарк Залцведел

(Пренасочено од Алтмаркрајс Залцведел)

Алтмаркрајс Залцведел (германски: Altmarkkreis Salzwedel) — округ во Саксонија-Анхалт, Германија. Се граничи со (од запад надесно) окрузите Гифхорн, Илцен, Лихов-Даненберг во Долна Саксонија и окрузите Штендал и Оре.

Алтмарк Залцведел
Altmarkkreis Salzwedel

округ
Знаме на Алтмарк Залцведел Altmarkkreis SalzwedelГрб на Алтмарк Залцведел Altmarkkreis Salzwedel
Карта
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
СедиштеЗалцведел
Површина
 • Вкупна2.292 км2 (885 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно82.457
 • Густина36/км2 (93/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.SAW, GA, KLZ
Мреж. местоaltmarkkreis-salzwedel.de

Историја

уреди

Алтмарк — историски регион кој ја опфаќа територијата на денешниот округ, како и делови од соседниот округ Штендал. Во X век, бил источна гранична провинција на Светото Римско Царство; замоците биле изградени со цел да ја поместат границата кон исток. Алтмарк бил мочиришно подрачје и со векови бил тежок за освојување. Во XII век, многу мочуришта биле исушени и упоришта станале малите градови. Во доцниот среден век, многу градови биле членови на Ханзата. Поради Триесетгодишната војна, Алтмарк бил целосно уништен во XVII век. Никогаш не успеал да ја поврати својата важност и останал ретко населен до ден денес.

Округот бил основан во 1994 со спојување на поранешните окрузи Гарделеген, Клеце, Залцведел и (делумно) Остербург.

Географија

уреди

Алтмарк е права низина, која некогаш била исполнета со бари и езерца. Денес, главно е покриена со шуми и голини. Генерално е суво, иако некои мочуришни регионо опстоиле. Најголемиот од нив е Дремлинг, голема водена површина на југозапад, кој е национален парк поделен со соседниот Оре.

Најголемото езеро во округот е Арендзе (5,54 км2); градот Арендзе е именуван по ова езеро.

Грбот прикажува:
  • Хералдичкиот орел на Брандебург, кој бил исто така дел од грбовите на Залцведел
  • Лавот на Линебург, поради припаѓањето на градот Клеце на војводството Брауншвајг-Линебург во средновековието
  • Симболот на Алтмарк, кој користен во текот на XI и XII век

Градови и општини

уреди

Округот Алтмаркрајс Залцведел се состои од следниве административни единици:[2]

Слободни градови Општински заедници
  1. Арендзе
  2. Гарделеген
  3. Калбе
  4. Клеце
  5. Залцведел

Бецендорф-Диздорф

  1. Апенбург-Винтерфелд
  2. Бецендорф1
  3. Дере
  4. Диздорф
  5. Јибар
  6. Куфелде
  7. Рорберг
  8. Валставе

Наводи

уреди
  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
  2. „Статистичко биро на Саксонија-Анхалт“. Архивирано од изворникот на 2017-05-15. Посетено на 2011-10-23.

Надворешни врски

уреди

52°41′N 11°13′E / 52.683° СГШ; 11.217° ИГД / 52.683; 11.217