Вустров (Вендланд)

Вустров (германски: Wustrow) — помал град во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа северно од градот Залцведел.

Вустров

Wustrow

Поглед на градот
Поглед на градот
Поглед на градот
Грб на Вустров
Вустров (Вендланд) во рамките на Германија
Вустров (Вендланд)
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Лихов-Даненберг
Општ. заед. Лихов
Градоначалник Андреа Хајлеман (BLW)
Основни податоци
Површина 29,90 км2
Надм. височина 17 м
Население 2.779 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 93 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. DAN
Пошт. бр. 29462
Повик. бр. 05843
Местоположба на градот Вустров во рамките на округот Лихов-Даненберг
Карта
Карта
Координати 52°55′19″N 11°07′18″E / 52.92194° СГШ; 11.12167° ИГД / 52.92194; 11.12167

Потекло на името

уреди

Името Вустров има словенско потекло, односно од полапскиот збор Wåstrüw (што е слично со „остров“).

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Малиот град се наоѓа во јужниот дел на округот Лихов-Даненберг, оддалечен околу шест до осум километри од окружниот град Лихов и од градот Залцведел.

Западно од градот поминува реката Јецел. На север од градот Вустровер Думе се влева во Јецел.

Соседни општини

уреди

Градот Вустров се граничи со општината Лукау на запад, со општината Кистен и со окружниот град Лихов на север, со општината Либов на исток и со окружниот град Залцведел (Саксонија-Анхалт) на југ.

Природни области

уреди

На областа на градот се наоѓаат две природни области:

  • Солена област кај Шројан (25 хектари)
  • Блитлингер Холц (108 хектари)

Градски единици

уреди

Градот Вустров се состои од следниве места:

  • Блитлинген
  • Долгов
  • Ганзе
  • Гиштриц
  • Кленов
  • Кенигсхорст
  • Лензијан
  • Нериц
  • Шројан
  • Теплинген
  • Вустров

Политика

уреди

Од 1 ноември 2006 година припаѓа на општинската заедница Лихов.

Градот Вустров припаѓа на покраинскиот круг бр. 48 Елба и во сојузниот круг бр. 38 Лихов-Даненберг - Линебург.[2][3]

Градски совет

уреди

Градскиот совет се состои од 13 избрани членови. На општинските избори од 11 септември 2013 година биле добиени следниве резултати:

  • Шарена листа Вустров - 4 места
  • CDU – 4 места
  • SPD – 3 места
  • Граѓани место бирократија Град Вустров (BsB) – 2 места

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Landtagswahlkreise ab 16. Wahlperiode. Wahlkreiseinteilung für die Wahl zum Niedersächsischen Landtag. Anlage zu § 10 Abs. 1 NLWG, p. 4. (pdf Архивирано на 25 јули 2011 г.; 87 kb).
  3. Beschreibung der Wahlkreise. Anl. zu § 2 Abs. 2 Bundeswahlgesetz. In: Achtzehntes Gesetz zur Änderung des Bundeswahlgesetzes. Anl. zu Artikel 1. Bonn 18. März 2008, p. 325. (pdf Архивирано на 25 јули 2011 г.; 200 kb).

Надворешни врски

уреди