Хицакер
Хицакер (службено наречен: Хицакер (Елба); германски: Hitzacker) — помал град во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Елба, околу 8 километри северно од градот Даненберг и 45 километри источно од градот Линебург. Градот се наоѓа на германскиот пат на фахверкот.
Хицакер
Hitzacker | |
Поглед од ридот Вајнберг на градот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Лихов-Даненберг |
Општ. заед. | Елбталауе |
Градски единици | 12 |
Градоначалник | Холгер Мертинс (СлДП) |
Основни податоци | |
Површина | 58,44 км2 |
Надм. височина | 12 м |
Население | 5.107 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 87 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | DAN |
Пошт. бр. | 29456 |
Повик. бр. | 05862, 05858 (Пусаде), 05861 (Кемен) |
Портал | www.hitzacker.de |
Местоположба на градот Хицакер во рамките на округот Лихов-Даненберг | |
Координати | 53°08′0″N 11°03′0″E / 53.13333° СГШ; 11.05000° ИГД |
Mеѓународно познатата библиотека „Херцог Август“ (денес сместена во Волфенбител) била основана во градот од страна на војводата Август Помладиот пред да биде преместена во 1643 година во замокот Волфенбител.
Географија
уредиМестоположба
уредиХицакер се наоѓа на вливот на Јецел во Елба. Додека Елбхеен (исто така: Клеци), на чие југоисточно подножје се наоѓа Хицакер, природно припаѓа на Линебуршкото Поле, низинскиот дел на стариот град припаѓа на Елбталауе.
Градски единици
уредиГрадот Хицакер се состои од следниве дванаесет места:
|
|
Историја
уредиОбласта била населена уште околу 3000 години п.н.е. на Хицакерското Езеро. Оттогаш областа постојано била населена.
На ридот Вајнберг, веднаш до денешниот стар град (Altstadt), Словените изградиле замок во VIII век. Како последица на тоа, Хицакер станал важен трговски центар уште пред да ги добие своите градски права. Неговото точно основање како град било во 1258 година, додека во меѓувреме замокот ја изгубил важноста и почнал да пропаѓа.[3]
Во 1548 година, во градот избил огромен пожар и останала само црквата и една куќа.[4]
Во 1610 година, бројни луѓе во Хицакер и околината биле обвинети за магија.[5]
На третиот ден на Божиќ во 1668 година, црквата и осум куќи изгореле.[6]
На полапскиот јазик, кој изумрел во XVIII век, Хицакер бил наречен Љауци (Ljauci).
На 1 јули 1972 година десет општини биле припоени кон Хицакер.
Градот бил погоден од поплавите од Елба во периодот 2002-2006.
Политика
уредиГрадот Хицакер припаѓа на покраинскиот круг бр. 48 Елба и во сојузниот круг бр. 38 Лихов-Даненберг - Линебург.[7][8]
Градски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 15 избрани членови. На општинските избори од 11 септември 2016 година со излезност од 53,4 проценти биле добиени следниве резултати:
Партија/Листа | Изборен резултат | +/- во % |
Места | +/- absolut |
---|---|---|---|---|
CDU | 26,8 | +4,4 | 4 | + 1 |
SPD | 17,1 | − 4 | 3 | ± 0 |
UWG | 7,7 | − 2,2 | 1 | − 1 |
Зелени | 11 | + 1,7 | 2 | + 1 |
FDP | 17,8 | + 4,1 | 3 | + 1 |
Иницијатива за Хицакер (INI)* | 16,3 | − 1,4 | 2 | − 1 |
независен | 3,3 | − 2,6 | 0 | − 1 |
Вкупен број | 15 | 0 |
- + / −: разлика од општинските избори 2011
Градоначалник
уредиГрадоначалник на Хицакер е Холгер Мертинс (FDP).
Збратимени градови
уредиХицакер бил збратимен со следниве градови:
- Виш, Холандија, општината била распуштена
- Лажне Тоушењ, Чешка, завршена
Знаменитости
уреди- Старото градско јадро со фахверк куќи и царинската куќа од 1589 година
- Археолошки центар „Хицакер“
- Старата царинска куќа
- Ловен дом и шумски музеј во Герде
- Воденица Катемин
- Црква „Св. Јован“
Сообраќај
уредиХицакер има железничка врска до Даненберг и Линебург. Исто така, постојат автобуски врски до Линебург, Илцен и Даненберг, како и до окружниот град Лихов.
Во градот постои фериботска линија преку Елба.
Познати луѓе
уреди- Антони Улрих (војвода на Брауншвајг-Волфенбител) (1633–1714) — војвода и писател
- Ханс Георг Аренс (р. 1944) — оперски пејач
- Клаус фон Амсберг (1926–2002) — германски дипломат и принц на Холандија
- Бернхард Варениј (1622–1650) — лекар и географ
- Фердинанд Волтман (1857–1919) — агроном
- Руди Милер-Глеге (р. 1951) — адвокат
Галерија
уреди-
Црквата „Св. Јоханис“
-
Старата царинарница (Altes Zollhaus)
-
Градскиот плоштад
-
Поглед на ридот Вајнберг
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Statistik des Deutschen Reichs, Band 450: Amtliches Gemeindeverzeichnis für das Deutsche Reich. Teil I, Berlin 1939; S. 265
- ↑ [1] Архивирано на 16 јуни 2008 г.
- ↑ Blazek, Matthias, Das Löschwesen im Bereich des ehemaligen Fürstentums Lüneburg von den Anfängen bis 1900, Adelheidsdorf: 2006, p. 89.
- ↑ Grässe, Johann Georg Theodor, Sagenbuch des preußischen Staats, Hildesheim, New York 1977, S. 907; Blazek, Matthias, „Aberglaube und Hexenverfolgung“, in ders.: Hexenprozesse – Galgenberge – Hinrichtungen – Kriminaljustiz im Fürstentum Lüneburg und im Königreich Hannover, Stuttgart 2006, p. 62 ff.
- ↑ Blazek, Löschwesen, a. a. O., p. 102.
Надворешни врски
уреди„Хицакер“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- . Encyclopædia Britannica (11. изд.). 1911.