Лавал (Мајен)
Лавал — град во западна Франција, оддалечен околу 300 километри југозападно од Париз, и е главен град на департманот Мајен. Лавал пред француската револуција бил дел од покраината Мен, сега поделена помеѓу два департмани, Мајен и Сарт. Општината Лавал, без метрополитенската област, е тринаесетта најнаселена во северозападна Франција и 119. во целата држава.[1]
Лавал | ||
---|---|---|
Поглед на замокот и реката Мајен. | ||
| ||
Координати: 48°04′24″N 0°46′08″W / 48.0733° СГШ; 0.7689° ЗГД | ||
Земја | Франција | |
Регион | Лоарски Крај | |
Департман | Мајен | |
Округ | Лавал | |
Општ. заедница | Агломерација Лавал | |
Управа | ||
• Градоначалник | Франсоа Зокето (СП) | |
Површина1 | 34,2 км2 (132 ми2) | |
• Градска | 115,7 км2 (447 ми2) | |
• Метро | 771,09 км2 (29,772 ми2) | |
Население (2009)2 | 51.182 | |
• Ранг | 119. во. Франција | |
• Густина | 150/км2 (390/ми2) | |
• Градскo (2009) | 67,671 | |
• Градска | 0,058/км2 (0,15/ми2) | |
• Метро (2009) | 119,475 | |
• Метро | 0,0.015/км2 (0,0.040/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 53130 / 53000 | |
Надм. висина | 42 м ) | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Дел од традиционалната провинција Мен, Лавал е сместен на почетокот на областа Бретања и не е далеку од Нормандија и Анжу. Заради тоа било важно упориште во северозападниот дел на Франција во текот на средниот век. Лавал станал град во текот на 11. век, и бил дом на династијата Лавал, едно од најсилните семејства во Мен и Бретан. Грофовите на Лавал развиле текстилна индустрија околу 1300 година и од Лавал направиле значаен центар за француската ренесанса век подоцна. Оваа индутрија останала главна дејност во Лавал сè до 20. век, кога преработкатата на млеко станало многу попрофитабилно.
Лавал е развиен околу ’рт, на кој бил изграден замокот, и по текот на реката Мајен. Метрополитенската област на градот е мал економски центар во западна Франција, главно активен во индустрискиот сектор, производството на млеко, електроника и хемикалии. Лавал е економски ориентиран кон Рен, административниот главен град на регионот Бретања, и сместен 80 километри западно од Лавал. Во рамките на градот живеат 51,182 жители,[2] а околу 120.000 лица живеат во метрополитенската област[3]
Лавал е родното место на Анри Русо, голем сликар од наивен стил, и во градот има музеј посветен на него и на другите сликари од истиот стил. Лавал исто така поседува значајно архитектонско наследство, како замокот, дел од градските ѕидини, средновековни куќи, стари мостови и цркви.
Историја
уредиСреден век
уредиПред изградбата на замокот во 11. век, Лавал не постоел. Сепак, местото на градот веќе било премин бидејќи се наоѓало на римскиот пат кој го поврувал Ламанш со Корсел, провинцискиот главен град на денешна Бретања.[4] Покрај тоа, некои делови од територијата на градот биле населени од Гали. На пример, галска стела била откопана во предградието Приц, северно од центарот.[5] Капелата во Приц била откриена на тоа место во 710 година.[6] Телото на Тудвал, бретоњски светец, се верува дека било донесено во Лавал во 870 ии 878 година, за време на инвазијата на Норманите во Бретања.[7]
Аристократското англиско семејство Делавал го добило презимето од Лавал. Тие му биле придружба на Вилијам I во неговата инвазија на Англија во 1066 година, и биле наградени со земјишта во Нортамберланд кои сè уште ги поседуваат.
Територијата на Лавал имала стратегиска важност бидејќи патниците кои оделе по римскиот пат морале тука да ја преминат реката Мајен со брод. Во текот на 10. век, прва воена градба била изградена тука, а била спомената и вила кон крајот на векот во документ изграден од грофот на Мен. Околу 1020 година, Герберт I од Мен го понудил новото баронство Лавал на Гиј I, кој станал прв лорд на градот. Гиј I изградил нов замок и градот полека се појавил околу римскиот пат и на бреговите на реката.[8]
Замокот изграден од Гиј I бил многу поширок од денешнata конструкција. Тој бил опкружен од земјен ѕид и се протегал од денешната кула до катедралата. Издигнат одбранбен насип изграден над ѕидот го контролирал пристапот до врвот на ’ртот, каде живеел лордот, и втор насип веројатно се наоѓал внатре во замокот.[9] Базиликата во Авењер, сместена неколку километри јужно од замокот, била основана во 12. век од Гиј III. Околу 1200 година, земјениот ѕид бил срушен и замокот станал помал, добивајќи го сегашниот изглед. На местото на ѕидот, градот развил свој одбранбен систем.[8]
Беатрикс од Гавере, жената на Гиј IX од Лавал, која живеела во 13. век, се верува дека била зачетник на текстилната индустрија во градот. Родена во Фландрија, таа донела со себе фландриски ткајачки, и го поттикнала производството на лен. Ткаењето лен останало главна економска дејност во градот сè до 19. век[10]
Во текот на стогодишната војна, градот бил заземен од англиските сили во 1428 година, предводени од Џон Талбот. Тој повторно станал француски една година подоцна. Борбите предизвикале големи штети и градот бил целосно повторно изграден потоа. Така сите полудрвени куќи кои сè уште стојат во средновековниот центар не биле изградени пред 15. век.[8] За време на тој период, ѕидовите на градот биле завршени со додадвање на силна артилериска тврдина во иновативен дизајн, позната како Tour Renaise. Околу 1450 година, Гиј XIV од Лавал го обновил замокот. Биле изградени нови соби и сали, и биле отворени нови готски прозорци во внатрешниот двор на почетокот на 16. век.[9]
Модерен период
уредиГиј XVII изградил галерија во ренесансен стил во продолжение на замокот околу 1542 година. Галеријата била преуредена во 1747 година.[9] Гиј XVII бил член на судот на Франсоа I, еден од најдобрите кралеви во француската ренесанса. Династијатa од Лавал играла одредена улога во развојот на ренесансните уметности во регионот. Жан од Лавал-Шатобриан на пример изградил голема палата во ренесансен стил кај дворецот Шатобриан, сместен во Бретања. На негова страна, Гил XIX станал хугенот.
Во текот на 17. век, Лавал станал многу успешен и противреформацијата довела до основање на многу религиозни институции. Биле отворени големи манастири, вклучувајќи ги манастирите на Урсулинките, Бенедиктинците и Капуцинерите. Сите овие манастири подоцна биле продадени и уништени во текот на француската револуција. Во 18. век, градот, кој го чувал својот средновековен изглед, започнал да се проширува. Изникнале нови предградија, и локалната аристократија изградила многу елегантни куќи, особено околу плоштадот Ерси, кој станал најмодерна област во Лавал.[8]
Во средината на 18, век, Лавал имал околу 18,000 жители и 3,525 домаќинства. Градот бил втор најнаселен во Мен, по Ламанш. Тука се наоѓале неколку институции, како президиал, канцеларија на ferme générale, локално судство, болница, жандермерија и градска сала. Лавал исто така бил на чело на фискалниот регион кој опфаќал 65 парохии во јужен Мен. Бидејќи се наоѓал блиску до границата со Бретања, градот имал големо складиште со сол, кое го контролирало собирањето на данокот на сол. Бидејќи Бретања била голем производител на сол, Лавал бил ослободен од плаќање на данок на сол, но луѓето кои живееле во Мен, или во други покраини, при купувањето на сол, задолжително морале да платат данок на сол. Складиштето за сол претставувало исто така даночна канцеларија која требала да се справи со шверцерите на сол. Во фискалниот регион секоја година се одржувале 26 саеми, а три пазари се одржувале секоја недела. Во тоа време Лавал бил составен од три парохии.[11]
Текстилната индустрија во Лавал го достигнала својот зенит веднаш пред француската револуција. Градот имал право да произведува осум видови лен, вклучувајќи ги royales и demi-Hollande, кои биле едни од најдобрите во Франција. Соседните градови Мајен и Шато Гонтје исто така имале право да произведуваат лен, но само три или четири видови.[11] Ленот од Лавал бил главно продаван во Франција, но исто така и надвор. Едноставниот non-battues бил изработуван само за шпанскиот пазар, некои од најдобрите ленови биле продавани во Португалија и најдобрите облеки биле извезувани во француските колонии во Америка. Видовите royales и demi-Hollande биле обично продавани во Троа, Санлис и Бове, три градови кои се наоѓаат околу Париз, кои биле познати по своите пазари. Лавал исто така прозиведувал посебен вид на лен, pontivy, за француската војска.[11]
Во 18. век, стариот среновековен центар сè уште бил опкружен од градските ѕидини, и тесните дворови и улици не дозволувале поголеми урбани измени. Сепак, властите планирале да изградат голема собраќајница заобиколувајќи го центарот од северна страна. Тоа вклучувало изградба на нов мост на реката Мајен, бидејќи во тоа време во Лавал имало само еден, кој бил мал и многу стар. Проектот бил потврден во 1758 година, но изградбата не започнала сè до 1804 година. Идејата за нова оска била важна не само за градот, туку исто така и за целиот регион, бидејќи Лавал се наоѓал на патот помеѓу Париз и Бретања. Секој патник движејќи се по патот морал да ја помине реката Мајен на стариот мост, и да го помине тесниот изѕидан град.[8]
Војната во Вандеја, во која биле спротивставени француските револуционери и ројалисти католици во текот на последната деценија од 18.век, започнала во департманот Вандеја, кој се наоѓа јужно од реката Лоара, но брзо се проширила во Бретања, Анжу и Мен, кои биле католички упоришта. Лавал, кој бил под контрола на револуционерите од 1789 година, бил освоен од ројалистите на 22 октомври 1793 година. Градот бил на нивното патување до Ламанш, каде тие чекале засилување. Сепак, експедицијата до Нормандија била целосен неуспех, и тие таму биле поразени од републиканската армија. Ројалистите се вратиле во Лавал на 25 декември 1793 година, но загубиле опсада во Анже и биле дефинитивно поразени во 1794 година.
Современ период
уредиПо француската револуција, локалните власти одлучиле да го остварат планот планиран во 18. век. Новиот мост бил завршен во 1824 година и новата оска од исток кон запад, заобиколувајќи го стариот центар од север, била изградена во периодот помеѓу 1820 и 1830 години. Нов центар на градот се појавил на оската, и нов плоштад бил изграден блиску до мостот. Неколку официјални објекти биле изградени околу, вклучувајќи ги новото градско собрание, префектурата и театар. Околу новиот мост, реката Мајен формирала прав воден пат, и нови кејови биле изграден помеѓу 1844 и 1863 година. По 1850 година, биле преземени градежни активности во средновековниот центар: биле изградени нови улици и плоштадот пред замокот бил проширен.[8] Во 1855 година, Лавал се стекнал со бискупија и железничка станица. Истата година, возови кои се обраќале од Париз имале терминал во Лавал, но линијата била дополнително проширена кон Бретања во 1856 година.
Лавал доживеал значаен демографски раст нив 19. век. Во градот живееле 15,000 лица околу 1800 година, и тој број пораснал на 21,293 во 1861 година. Две години подоцна, двете соседни општини of Авењер и Грено биле додадени кон градот, заедно со делови од Шанже. Како последица на ова соединување, Лавал броел 27,000 жители до 1863 година. Во 1866 година, бројот се зголемил на 30,627 жители, но потоа следел благ пад кој траел до втората светска војна.[8] Овој пад бил поради следниве социо-економски и геополитички фактори:
- падот на текстилната индустрија: На почетокот на 19. век, цените на ленот паднале, и регионот престанал да прозиведува лен. Наместо тоа, фабриките во Лавал увезле памук, но трошоците при процесот биле многу високи за дејноста да биде профитабилна.
- инвазиите на Германија и појавените трошоци предизвикани од овие напади, во поглед на надомест на штетата и човечката мизерија.[12]
На почетокот на 20. век, Лавал имал неколку институции, како суд на правда, стопанска комора, одбор на трговски арбитри, сјемениште и средно училиште за момчиња. Опаѓачката текстилна индустрија сè уште вработувала 10,000 лица во Лавал и предградијата. Други дејности во градот биле создавање на метал, мелење брашно, штавење, бојосување, изработка на чизми и чевли, и сечење мермер.[13]
Во текот на втората светска војна, Лавал бил окупиран од Нацистичка Германија. Градот неколкупати бил бомбардиран од сојузниците во јуни и јули 1944 година. Жеезничката станица и околината, како и вијадуктот и неколку улици во центарот биле доста оштетени. Трупите на Генерал Патон пристигнале во Лавал на 6 август 1944 година. Германските окупатори не се предале веднаш, и тие ги уништиле мостовите пред да го напуштат градот.
По војната, Лавал доживеал брза индустријализација. Повечето од старите фабрики за облека затворени и градот развил голм сентор на производство на храна, особено млечни прозиводи. Градот исто така развил производство на пластика и автомобили. Во текот на тој период, градот брзо се проширил и биле изградени неколку нови институции, како универзитетски комплекс и болница.
Географија
уредиЛокација
уредиЛавал се наоѓа на географскиот центар во департманот Мајен, на патот кој ги поврзува Париз и Бретања, помеѓу Рен и Ламанш. Градот се наоѓа на средниот тек на Мајен, река која извира во Нормандија и тече кон Лоара поминувајќи низ департманот Мајен од север кон југ.
Лавал е оддалечен 70 километри од Рен, 75 километри од Ламанш и Анже, 130 километри од Нант, 135 километри од Тур, 150 километри од Кан и 280 километри од Париз. Тој исто така е оддалечен 100 километри од Мон Сен Мишел и околните летувалишта, сместени на Ламанш.
Надморската височина се двиши помеѓу 42 и 122 метри над морското ниво.[14] Лавал всушност е ридест град, обележан од карпест ’рт кој ја доминира долината на реката Мајен. Замокот бил изграден на овој ’рт и средновековниот центар е раширен околу. ’Ртот и благо ридестиот предел околу Лавал се траги од армориканскиот масив, стар планински венец кој го формира Бретањскиот полуостров.
Метрополитанска област
уредиОпштината Лавал граничи со седум други општини. Тоа се, Шанже, Боншан ле Лавал, Форсе, Антрам, Л'Усри, Монтиње ле Бријан и Сен Бертевен. Сен Бертевен формира дел од агломерацијата, и Шанже и Боншан ле Лавал се добро интегрирани, но останатите општини се рурални области со села и населби. Дванаесет други општини што се наоѓаат подалеку ја формираат со нив агломерацијата на Лавал. Тие заедно обидинуваат 95,000 жители.
Клима
уредиЛавал ужива многу умерена клима поради поради блискоста до Атлантскиот Океан и Ламанш, што му дава морска клима. Зимите се обично влажни, со ретки мразови и врнежи од снег, а летата се топли и сончеви, иако врнежите од дожд се вообичаени.
Климатски податоци за Лавал (1981–2010 просек) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 14.1 (57.4) |
15.7 (60.3) |
21.1 (70) |
26.1 (79) |
27.4 (81.3) |
34.3 (93.7) |
35.9 (96.6) |
35.0 (95) |
32.0 (89.6) |
27.4 (81.3) |
20.5 (68.9) |
15.6 (60.1) |
35.9 (96.6) |
Прос. висока °C (°F) | 7.7 (45.9) |
8.8 (47.8) |
12.2 (54) |
14.8 (58.6) |
18.7 (65.7) |
22.3 (72.1) |
24.4 (75.9) |
24.5 (76.1) |
21.3 (70.3) |
16.6 (61.9) |
11.1 (52) |
8.1 (46.6) |
15.9 (60.6) |
Прос. ниска °C (°F) | 2.0 (35.6) |
1.8 (35.2) |
3.6 (38.5) |
5.1 (41.2) |
8.6 (47.5) |
11.3 (52.3) |
13.2 (55.8) |
13.0 (55.4) |
10.6 (51.1) |
8.3 (46.9) |
4.7 (40.5) |
2.4 (36.3) |
7.1 (44.8) |
Најниска забележана °C (°F) | −6.2 (20.8) |
−10.7 (12.7) |
−4.9 (23.2) |
−1.5 (29.3) |
2.9 (37.2) |
5.6 (42.1) |
7.6 (45.7) |
7.5 (45.5) |
4.4 (39.9) |
−1.2 (29.8) |
−5.6 (21.9) |
−5.6 (21.9) |
−10.7 (12.7) |
Прос. врнежи мм (ин) | 78.4 (3.087) |
56.2 (2.213) |
58.4 (2.299) |
56.7 (2.232) |
71.2 (2.803) |
50.9 (2.004) |
53.5 (2.106) |
44.6 (1.756) |
61.2 (2.409) |
82.2 (3.236) |
74.2 (2.921) |
81.6 (3.213) |
769.1 (30.28) |
Прос. бр. врнежливи денови | 12.8 | 10.1 | 10.4 | 10.2 | 10.3 | 7.2 | 7.3 | 6.5 | 8.0 | 11.4 | 11.7 | 12.5 | 118.4 |
Извор: Meteo France[15][16] |
Урбана морфологија
уредиНајстарите илици и градби во Лавал се наоѓаат околу ’ртот на кој е изграден замокот. Убраната структура во тој дел датира од средниот век и е ограничена на западниот брег на реката Мајен. Ова старо јадро денес е главна трговска област, со неколку пешачки улици и мали продавници. Неколку средновековни полудрвени куќе сè уште се видливи, но поголемиот дел од градбите датираат од 18. и 19. век и се направени од бигор.
Преградието Авењер, кое се наоѓа еден километар јужно од замокот, е поранешна општина која се соединила со Лавал во 1863 година. Основан во 1073 година, сè уште се состои од неколку стари куќи и средновековни базилики. Други големи средновековни населби припоени кон градот се Бур Ерсон и Сан Мартин. Источниот брег на Мајен бил исто така населен во средниот век, заедно со улицата која води кон мостот кој ја сече реката, но главно бил развиен во текот на втората половина од 19. век кога таму била изградена железничката станица. Старите предградија кои го опкружуваат центарот на градот датираат од истиот период и главно се состојат од поединечни куќи.
Предградијата од 20. век опфаќаат неколку имоти на локалната управа но поединечните куќи се повообичаени. Неколку трговски центри и индустриски области се наоѓаат во предградијата на градот. Лавал е опкружен од мала обиколница и автопатот Париз-Рен го заобиколува градот од северната страна.
До 20. век, Лавал имал пристаниште на реката Мајен, кое било опколено од неколку фабрики, главно производители на лен. Старите индустриски области биле обновени по 1970 година и реката од тогаш станала рекреативна област.
-
Поглед на предградијата сместени на источниот брег на Мајен.
-
Градот сè уште е окружен со градски ѕидини.
-
Поглед на Мајен во предградието Авењер, јужно од центарот.
Зелени области
уредиЛавал е мал град и природата не се наоѓа многу далеку од центарот. Градот управува со 25 хектари паркови и градини, и вкупно 200 хектари на зелени области.[17]
Најголем парк е Jardin de la Perrine, кој се наоѓа во центарот, на врвот на карпест ’рт. Претходно приватна градина, паркот опкружува палата од 18. век и опфаќа француска и англиска градина како и градина со рози, оранњерија и мала менажерија. Овој парк опфаќа површина од 4,5 хектари. Анри Русо, голем сликар од наивен стил роден во Лавал, е закопан тука.[18][19]
За разлика од Jardin de la Perrine, главната зелена област во центарот се плоштадот Бостон, обновен во 2012 година, и плоштадот Фох, кој се наоѓа на place du 11-ноември, централната точка во градот.
Општината Лавал го поседува Bois Gamats, шума од 25 хектари која се наоѓа на јужните граници од градот. Соседната шума Bois de l'Huisserie, која е многу поголема, е управувана од агломерацијата Лавал.[20]
Збратимени градови
уредиЛавал е збратимен со:
Наводи
уреди- ↑ „Population municipale, données légales de population en vigueur à partir du 1er janvier 2011“. INSEE.
- ↑ INSEE, уред. (2012). „Commune de Laval (53130), Résumé statistique“.
- ↑ INSEE, уред. (2010). „Aire urbaine 2010 de Laval (069), Résumé statistique“.
- ↑ „Le coeur de la Mayenne : Paysages singuliers - Les villes - Laval“. Atlas des paysages du département de la Mayenne. 2005. Архивирано од изворникот на 2013-10-31. Посетено на 2016-10-12.
- ↑ Raymond Lantier (1956). Recherches archéologiques en Gaule en 1953 (Période historique). 14. Gallia. стр. 167.
- ↑ Actus pontificum Cenomannis, p.213.
- ↑ Vies des saints de Bretagne, Dom Lobineau, M. Tresvaux, t.I., page 187.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 „Inventaire général du patrimoine culturel, Présentation de la commune de Laval“. Base Mérimée, ministère de la culture. 1976.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 „Inventaire général du patrimoine culturel, Château fort dit musée du Vieux-Château et palais de justice“. Base Mérimée, ministère de la culture. 1980.
- ↑ „Laissez-vous conter les lavallois célèbres“ (PDF). Villes et pays d'art et d'histoire. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-07. Посетено на 2016-10-12.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 Louis Alexandre Expilly (1766). Dictionnaire géographique, historique et politique des Gaules et de la France. 4. стр. 156.
- ↑ Roberts, J: "History of the World.". Penguin, 1994.
- ↑ Encyclopædia Britannica, 1911
- ↑ Elevations Архивирано на 2 мај 2011 г., Institut geographique national
- ↑ „Données climatiques de la station de Laval“ (француски). Meteo France. Архивирано од изворникот на 2016-10-26. Посетено на January 9, 2016.
- ↑ „Climat Pays de la Loire“ (француски). Метео Франција. Архивирано од изворникот на 2019-05-28. Посетено на January 9, 2016.
- ↑ „Espaces verts“. Ville de Laval. Архивирано од изворникот на 2012-02-22. Посетено на 2016-10-12.
- ↑ „Base Mérimée, Manoir dit hôtel de la Perrine, actuellement musée-école de La Perrine“. Ministère de la Culture. 2008.
- ↑ „A Laval“. Office de tourisme de la Mayenne.
- ↑ „Plus de 250 hectares au coeur de l'agglomération“. Laval Agglo. Архивирано од изворникот на 2013-04-27. Посетено на 2016-10-12.
- ↑ Договор кој датира формално од 1958 година.
- ↑ „Jumelage Laval-Garango“ (француски). Посетено на 2013-06-13.
- ↑ The source of the Bergian Christmas market organised in 2004
- Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)
Дополнителен материјал
уреди- Michel Dloussky, Invasions allemandes et pénurie de monnaie en Mayenne, in La Mayenne : archéologie, histoire, 1994, N° 17, p. 159–193.
- Michel Dloussky, L’été 1944 en Mayenne, in L’Oribus, 1994, N° 36, p. 74, and N° 37, p. 38–60.
- Denis Glemain, Le Cinéma en Mayenne sous l’Occupation (1940–1944), Multigraphié, 1998, p. 166, Mémoire de Maîtrise, University of Nantes.
- Jean Grangeot, Laval, Rennes, Ouest-France, 1977.
- Pierre Le Baud, Histoire de Bretagne avec les Chroniques des maisons de Laval et de Vitré, Paris, 1638.
- Jules Marcheteau, La libération de Laval par les Américains, in L'Oribus, 1988, N° 26, p. 22–33.
- Gaston Pavard, Chronique des années sombres (années 1939–1945), in L'Oribus, 1996, N° 40 and 42, p. 49–71.
- Francis Robin, La Mayenne sous l’Occupation : déportations, internements, fusillades, Laval, Imprimerie Administrative, 1966, p. 32.
- Malcolm Walsby, The Counts of Laval: Culture, Patronage and Religion in Fifteenth and Sixteenth-Century France Ashgate, Aldershot, 2007
Надворешни врски
уреди„Лавал (Мајен)“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Laval Virtual Архивирано на 20 април 1999 г.