Корита
Корита (грчки: Κορυφές, Корифес [2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Корита Κορυφές | |
---|---|
Црква во селото | |
Координати: 40°58′N 24°19′E / 40.967° СГШ; 24.317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Кавалски округ |
Општина | Кавала |
Општ. единица | Кавала |
Надм. вис. | 760 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 38 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 24 километри северно од градот Кавала на надморска височина од 760 метри.
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 540 македонски муслимани[3][4].
Грција
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Демографија
уредиВо 1928 година во селото биле сместени 64 грчки семејства со 249 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 197 лица, додека во 1940 година селото броело 213 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 208 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 174 жители, во 1971 година имало 99 жители, во 1981 година имало 52 жители, додека во 1991 година имало 111 жители[7]. Денеска, населението на селото е 38 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 213 | 208 | 174 | 99 | 52 | 111 | 76 | 38 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ναϊπλή -- Κορυφές
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 203.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). „2“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 75.