Бриони или Островите Бриони се група од четиринаесет мали острови во северниот дел на Јадранското Море. Се наоѓаат неколку километри западно од обалата на Истра. Два најголеми острови се Големиот Брион (со површина од 5.6 км2; и се наоѓа на 2км од брегот) и Мал Брион (површина од 1,07 км²). Островите се хрватски национален парк.

Бриони
Бриони
Географија
МестоЈадранско Море
Координати44°55′N 13°46′E / 44.917° СГШ; 13.767° ИГД / 44.917; 13.767
Површина7,5 км2
Држава
ЖупанијаИстарска жупанија

Островите станаа популарни во 1956г. кога југословенскиот претседател Тито заедно со водачите на Движењето на неврзаните, ја потпишаа Декларацијата Бриони, во која се дефинираат идеологијата и политиките на движењето. Исто така на овие острови во 1991г. е потпишана и Брионската декларација.

Историја

уреди
 
Карта на Бриони

На Бриони има некои населби од римскиот период, но сè до крајот на 19 век островите главно се користеле за ископ на камен, активност која се одвивала со векови. Во средниот век островите припаѓале на Венеција, а нивниот камен бил користен за изградба на палатите и мостовите во градот.[1] По освојувањето на островите од Наполеон, тие биле дел од Илирските провинции.

Во 1815г. станале дел од Австриското Царство, подоцна преименувана во Австроунгарија. Во овој период, од каменоломите на Бриони се доставувал камен во Виена и Берлин. По изградбата на поморската база Пула, австријците ја изградиле тврдината „Тегетоф“ на островот Голем Брион, и помали утврдувања на некои од другите островчиња.[2]

Австроунгарската морнарица ја напуштила тврдината, а во 1894 година виенскиот магнат Паул Купелвизер го купил целиот архипелаг и направил ексклузивно одморалиште. Во 1900 година Купелвизер го поканил познатиот микробиолог Роберт Кох, со цел да ја искорени маларијата од Бриони. Потфатот на Кох и неговите соработници бил успешен, и во 1901 година било прогласено дека на островот нема маларија.

 
Во знак на сеќавање на Роберт Кох за искоренувањето на маларијата од Бриони

Имотот бил надополнет со првокласни хотели, ресторани, одморалишта на плажите, казино и марина и станал омилена дестинација за одмор на австриската ривиера. Купелвизер основал и едриличарска регата, направил терен за голф и - поради процутот на австриската култура - се одржувале разни музички концерти и книжевни настани. Островите Бриони станале популарна дестинација високата класа од Виена и биле посетувани од членови на царското семејство и други богати европски буржоази и аристократи. За време на Првата светска војна, на Бриони илало подморничка база на австроунгарската морнарица.

 
Главното пристаниште на Бриони, од 1902 година.

Во 1918 година Бриони потпаднале под Италија. Карл Купелвизер, синот на основачот на имотот се обидел да го задржи поранешниот сјај, но по економската криза што следела по падот на Волстрит во 1929 година, прогласил банкрот и Карл се самоубил. Во 1930г., сопственоста ја презела италијанската влада, и остануваат во нејзин посед сè до капитулацијата на Италија во 1943 година.

По Втората светска војна, Бриони станале дел од Југославија, а нејзиниот претседател, маршалот Јосип Броз Тито на Бриони направи лична државна летна резиденција. Словенечкиот архитект Јоже Плечник дизајнираше павилјон за Тито. Речиси 100 странски државници го посетиле Тито на неговите острови, како и филмските ѕвезди како Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Софија Лорен, Карло Понти и Џина Лолобриџида . Во 1983 година островите се прогласени за Национален парк на Југославија .

Во јули 1956 г, египетскиот претседател Гамал Абдел Насер, премиерот на Индија Џавахарлал Нехру и претседателот на Југославија Јосип Броз Тито се сретнаа на Бриони за да разговараат за нивното противење на Студената војна. Овие идеи подоцна се преточија во Движење на неврзаните. Виџеј Прашад го спореди овој состанок со Конференцијата во Јалта.[3]

По осамостојувањето на Хрватска во 1991, ги направи Бриони како меѓународен конференциски центар (види Брионска декларација). Беа повторно отворени четири хотели на островот Голем Брион, како и сафари парк, во кој има животни дадени на Тито, како Сони и Ланка, два индиски слона донирани од Индира Ганди.

 
1700-годишно маслиново дрво

Флора

уреди

Поголемиот дел од флората на архипелагот на островите Бриони има типичните средоземни одлики. На Голем Брион има околу 600 домородни растенија. Овде кедрите, бамбусите и пирамидалната тиса се аклиматизираа, додека на Ванга расте џуџестата смрека. Има и егзотични растенија што Тито ги добил од странски државници.[4]

Фауна

уреди
 
Сафари паркот
 
Истарско магаре

Животинскиот свет на островите, покрај домородните видови, е збогатен и со многу увезени видови несоодветни за ова место, но се приспособиле благодарение на идеалните микроклиматски услови. Во рамките на сафари паркот има етно парк, кој е дом домородните животински видови: истарски вол (потомок на Турот), истарски овци, магариња и кози.

На почетокот на 20 век на Гилем Брион донесени се дамчест елен, елен лопатар и муфлон.[5] Во следните децении бројот им се зголеми и може да се видат како слободно шетаат низ островот.

На некои од помалите острови се гнездат галебите, како и ретки родови корморани . Брионските острови се важни сезонски живеалишта за северните видови птици, а најинтересен е локалитетот Салин. Тоа е влажна област со три мочурливи езера од 32000 м2 ограден простор за да се формира на орнитолошки резерват. Најголемото езеро е обраснато со трска и е добро место за гнездење за многу видови птици.

На островот има и сафари парк, дом на егзотични животни дадени како подарок од дипломатските партнери.Од Индија беа донирани нилгај,зебу и азиски слон, а обичната зебра и планинската зебра биле добиени како подарок од Ахмед Секу Туре од Гвинеја; Мочуришната антилопа е од Етиопија.

Морското дно изобилува со сунѓери, школки, морски ежови, ракови, риби итн. Во минатото во морињата близу Бриони биле пронајдени некои видови несвојствени за Јадранот, како и некои видови дотогаш непознати за научниците: мекиот корал (Alcyonium brionense) или видот сунгер - Ircinia variabilis fistulata .

Туризам

уреди
 
Хотел Нептун

На четири места на островот Голем Брион се откриени преку 200 стапалки од диносауруси, кои датираат од Кредскиот период по што паркот бил наречен Бриони Креда.

Има и неколку археолошки наоѓалишта. Црквата Света Марија од 13 век изградена од витезите Темплари. Има и две римски вили од 2 век п.н.е. и остатоци од византиска тврдина. Има и тврдина на ритче која е всушност населба од бронзеното време на островот која датира од 14 век п.н.е.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Naklada Naprijed, The Croatian Adriatic Tourist Guide, pg. 58, Zagreb (1999), ISBN 953-178-097-8
  2.   One or more of the preceding sentences вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Brionian Islands“ . Encyclopædia Britannica. 4 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 572–573.
  3. Vijay Prashad, The Darker Nations: A People's History of the Third World. New York: The New Press, 2007. Page 95.
  4. Naklada Naprijed, The Croatian Adriatic Tourist Guide, pg. 58, Zagreb (1999), ISBN 953-178-097-8ISBN 953-178-097-8
  5. „Životinje u slobodnoj prirodi“ (хрватски). Brijuni National Park. Архивирано од изворникот на 29 March 2007. Посетено на 16 June 2010.