Голема мочуришна антилопа

Голема мочуришна антилопа („Kobus ellipsiprymnus“) е голема антилопа широко распространета во потсахарска Африка.. Голема мучурушна антилопа е една од најтешките антилопи влакното и е остро, масно и долго, а може да има разни бои, итоа од сива со црвенокафеава, при што со годините потемнува. Има бели ознаки на задникот, грлото и на муцката, како и бели веѓи, прстени околу чапунките, и бел долен дел на телото. Роговите, коишто обично се развиени кај мажјаците, се долги до 1 м. Речиси 90% од нејзината одпаѓа на трева, а остатокот на листови. Кога е во опасност обично бега во вода, каде што брзо плива и се нурнува со целото тело, а од водата и се наѕираат носните отвори. Стадата, обично составени од 2 до 5 млади мажјаци (ретко 50 и повеќе), имаат хиерархија, којшто се заснова врз изгледот, должината на роговите и на честите борби. Постарите расплодени мажјаци (6 до 10 години) заземаат територии.

Голема мочуришна антилопа
Мажјак во национален парк во Уганда
Женка во Јужна Африка
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Шуплороги
Род: Блатни јарци
Вид: Голема мочуришна антилопа
Научен назив
Kobus ellipsiprymnus
(Огилби, 1833)
Распространетост на подвидовите на големата мочуришна антилопа

Наводи

уреди
  1. IUCN SSC Antelope Specialist Group (2008). Kobus ellipsiprymnus. IUCN Red List. Version 2010.4. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 2011-06-15. Database entry includes justification for why this species is listed as Least concern.