Константин Мицотакис
Константинос Мицотакис (грчки: Κωνσταντίνος Μητσοτάκης ) (роден на 18 октомври 1918[1][2] на Крит - починал на 29 мај 2017 во Атина) е грчки политичар. Во периодот од 10 мај 1980 до 21 октомври 1981 и од 14 април 1992 до 7 август 1992 бил Министер за надворешни работи на Република Грција од партијата Нова Демократија. Произлегува од семејство кое е присутно веќе подолго време во политичкиот живот на Грција. Тој произлегува од семејството на Елефтериос Венизелос.[3]
Константинoс Мицотакис Κωνσταντίνος Μητσοτάκης | |
---|---|
178-ми Премиер на Република Грција | |
На должноста 11 април 1990 – 13 October 1993 | |
Претседател | Константин Караманлис |
Претходник | Ксенофонт Золотас |
Наследник | Андреас Папндреу |
Minister of the Aegean | |
На должноста 8 август 1991 – 13 октомври 1993 | |
Претходник | Јоргос Мисаилидис |
Наследник | Костас Скандалидис |
Министер за надворешни работи | |
На должноста 10 мај 1980 – 21 октомври 1981 | |
Претходник | Јоргос Ралис |
Наследник | Јоанис Караламбопулос |
На должноста 14 април 1992 – 7 август 1992 | |
Претходник | Антонис Самарас |
Наследник | Михалис Папаконстантину |
Министер за економија и финансии | |
На должноста 17 септември 1965 – 22 декември 1966 | |
Претходник | Димитрос Папаспиру |
Наследник | Јоанис Параскевопулос |
На должноста 10 мај 1978 – 10 мај 1980 | |
Претходник | Јоргос Ралис |
Наследник | Јоанис Бутос |
Лични податоци | |
Роден(а) | 18 октомври 1918 Крит, Грција |
Починал(а) | 29 мај 2017 Атина, Грција | (возр. 98)
Националност | Грк |
Партија | Либерална партија (1946-1961) Централна унија (1961-1974) Независен(1974-1977) Нова либерална партија (1977-1978) Нова Демократија (1978-денес) |
Сопружник | Марика Мицотакис |
Деца | Киријакос , Дора, Александра, Катерина |
Занимање | Политичар |
Професија | Правник |
Вероисповед | Грчка Православна црква |
Во 1964 година бил избран за пратеник од страна на Либералната партија. По воениот удар (1967) бил уапсен. Успеал да побегне и во август 1967 година ја напуштил земјата, бегајќи во Париз, Франција. Во овој период започнал да соработува Константинос Караманлис. Во Грција се вратил во 1973 година, каде веднаш бил уапсен. Од затвор излегол следната година.
Во 1977 година основал партија и станал пратеник. Во 1978 година влегол во партијата Нова демократија, и станал министер на координација. Во 1980 година станал министер за надворешни работи. Во периодот од 1981 до 1984 година бил потпарол на парламентарната група на Нова демократија. Во 1984 година бил избран за претседател на партијата. Во 1990 година повторно неговата партија победила на предвремените избори и победила на истите. На власт се задржил до 1993 година, кога неговата партија ги изгубила изборите. По поразот, тој поднел оставка од функцијата претседател на Нова демократија.[3] На 2 ноември бил избран за почесен претседател на Нова демократија.
По поразот на Нова демократија на Парламентарните избори во Грција во 2009 година и заминувањето на Дора Бакојани од партијата, во октомври 2010 година Мицотакис бил исклучен од партијата, по налог на Самарас.[4]
Наводи
уреди- ↑ Eleni Panagiotarea (30 јули 2013). Greece in the Euro: Economic Delinquency or System Failure?. ECPR Press. стр. 176. ISBN 978-1-907301-53-7.
- ↑ „Ίδρυμα Κωνσταντίνος Κ. Μητσοτάκης - Ρίζες - Νεανικά Χρόνια - Αντίστασ η“. www.ikm.gr. Архивирано од изворникот на 2017-06-01. Посетено на 2021-01-26.
- ↑ 3,0 3,1 „Konstantinos Mitsotakis - prime minister of Greece“. Encyclopaedia Britannica. 20 јули 1998.
- ↑ Нова Македонија: Константинос Мицотакис исклучен од Нова демократија[мртва врска]