Аргонаути
Аргонаути — хеленски епски јунаци кои со бродот Арго тргнале во потрага по Златното руно во Колхида.
Причини и тргнување
уредиСпоред митолошките извори на повик на Јасон, атолскиот јунак и наследник на кралството на Ајсон, кој на оваа задача бил предизвикан со итрина на Пелиј, неговиот чичко кој на измама го зел престолот од татко му. Мисијата била опасна, непредвидлива и неизвесна. Јасон од прочуениот бродоградител Арг побарал брод и пратил гласници низ целата земја да ги повика јунаците да му се придружат на таа мисија.[1]
Список на Аргонаути
уреди- Акаст, синот на кралот Пелиј;
- Актор, синот на Дејон од Фокида;
- Адмет, принцот од Фера;
- Амфијарај, аргивски пророк;
- Големиот Анкај од Тега, синот на Посејдон;
- Малиот Анкај, лелегиец од Сам;
- Арг Теспијски, бродоградителот на Арго;
- Аскалаф орхоменец синот на Ареј;
- Астериј синот на Комет Пелопљанин;
- Аталанта од Калидон девица, ловец;
- Аугеја, синот на кралот Форбант од Елида;
- Бут од Атена, пчелар;
- Ехион синот на Хермес;
- Ергин од Милет;
- Еуфем од Тајнар, пливач;
- Еуријал, синот на Мекистеј, еден од Епигони;
- Еуридамант Долопљанец, од езерото Ксиние;
- Фалер од Крета, синот на Дионис;
- Херакле од Тиринт, најсилниот човек кој некогаш живеел, а потоа станал бог;
- Хила од Дриоп, штитоноша на Херакле;
- Идај, синот на Афареј од Месена;
- Идмон од Арг, синот на Аполон;
- Ификле, синот на [[Тестиј Ајтолан;
- Ифит, братот на кралот Еуристеј од Микена;
- Јасон, водач на потрагата;
- Јолај,внукот на Херакле;
- Кајнеј Лапит кој некогаш бил жена;
- Калаид, крилатиот син на Бореј;
- Канто од Еубоја;
- Кастор еден од Диоскурите;
- Кефеј синот на Алеј од Аркадија;
- Корон Лапит од Гиртон во Тесалија;
- Лаерт, синот на Акрисиј од Арг;
- Линкеј извидник, братот на Идај, познат по остриот поглед што ги пробивал дури и ѕидовите;[2]
- Мелампо од Пил, синот на Посејдон;
- Мелеагар од Калидон;
- Мопс Лапит;
- Науплие од Арг, синот на Посејдон, прочуениот морепловец;
- Ојлеј од Локрид, таткото на Ајант;
- Орфеј, поет од Тракија;
- Палајмон, синот на Хефаст од Ајтолија;
- Пелеј Мирмидонец;
- Пенелеј, синот на Хепалким од Бојотија;
- Периклимен од Пил, волшебник, синот на Посејдон;
- Појант, синот на Таумак од Магнезија;
- Полидеук спартанскиот боксер, еден од Диоскурите;
- Полифем, синот на Елат од Аркадија;
- Стафил, братот на Хан;
- Тифие, крмар од Исифија;
- Зет, братот на Калаид.
Велат дека никогаш ни порано, ни подоцна не се собрала така величествена група на некој брод.[3]