Црква „Св. Ѓорѓи“ - Кнежино
црква во селото Кнежино
Свети Ѓорѓи — главна и единствена манастирска црква на средновековниот Кнежински манастир во селото Кнежино.[1]
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Кичевско |
Парохија | Четврта кичевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°30′58.04″N 20°55′19.73″E / 41.5161222° СГШ; 20.9221472° ИГД |
Место | Кнежино |
Општина | Кичево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена во средишниот дел на самиот манастир, кој се наоѓа пред самото село Кнежино.
Историја
уредиСе верува дека манастирската црква најпрвин била изградена во XII или XIII век. Подоцна, таа црква била срушена во 1736 година во времето на Австро-отоманските војни.[2]
Во 1973 година била подигната мала црквичка како привремено решение. Истата подоцна била срушена, бидејќи на нејзините темели се наоѓа самото археолошко наоѓалиште на стариот манастир, што е потврдено со спроведените археолошки ископувања.[2]
Денешната манастирска црква била започната во 1999 година, а истата била осветена во 2007 година.[2]
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Куполата на црквата
-
Влез во црквата
-
Апсидата на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Кнежинскиот манастир го прослави својот патрон „Свети Ѓорѓија Победоносец"“. Нова Македонија. 2018-12-09. Посетено на 2019-01-30.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Кнежино на Ризницата ?