Здраве Рувчев Андоноски ( 1917 во Кнежино, Кичевско1945 во Стара Пазова, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Здраве Андоноски
Роден 1917 година
Кнежино, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1945 година
Стара Пазова, Хрватска
Националност Македонец

Животопис

уреди

Израснал во селско семејство, кое претежно се занимавало со земјоделство. Како симпатизер на ослободителното движење активно соработувал со движењето, а во НОВ се приклучил во летото 1943 година кога станал борец на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со одредот учествувал во повеќе борби, а во една од нив бил ѝ ранет. По излекувањето на добиените рани, во пролетта 1944 година продолжил да работи за НОВ, а со формирањето на Првата македонска бригада се приклучил во нејзините редови. Со Бригадата учествувал на Сремскиот фронт, каде загинал при пробојот кај Стара Пазова во април 1945 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 39.