Перо Петрески
Перо Митов Петрески ( 1917 во Кнежино, Кичевско — 1944во Кнежино, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Перо Петрески | ||
Роден | 1917 година Кнежино, Кичевско, Македонија под окупација на Србија | |
---|---|---|
Починал | септември, 1944 година Кнежино, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиБидејќи потекнувал од селско сиромашно семејство, бил принуден да оди на печалба во Белград каде учел трговско училиште. По окупацијата се вратил во своето село каде започнала неговата активност во народно ослободителното движење. Бил активен член на нардно-ослободителниот одбор. Поради партиската активност, во април 1944 година бил затворен во Кичево и по тешки малтретирања бил ослободен. Продолжил активно да работи, но во септември 1944 година бил убиен од балистите под селото.[1]