Сицилиски јазик
Сицилискиот (изворно: lu sicilianu или siculu; италијански: language siciliana) е јазик од романското семејство. Се говори на островот Сицилија и помалите околни острови, во јужна Калабрија (каде се нарекува јужнокалабриски), во јужните делови на Апулија, Саленто (каде се нарекува салентски) и во Кампанија, каде се нарекува чилентски (Gordon, 2005). „Етнолог“ го опишува сицилијанскиот како „достатно различен од литературниот италијански за да се смета за посебен јазик“ (Gordon).
Сицилиски | |
---|---|
Sicilianu | |
Застапен во | Сицилија, Калабрија (средна и јужна), Кампанија (Чиленто), Апулија (Саленто, Лече), Малта |
Говорници | 6,8 милиони (2010) |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | scn |
ISO 639-3 | scn |
Говорници
уредиДенес јазикот го говорат највеќето жители на Сицилија, како и иселеништвото низ светот, особено во САД, Канада, Австралија и Аргентина. ВО последните две до три децении, голем број на сицилијанци се преселиле во индустриските подрачја во северна Италија и остатокот од Европската Унија, особено во Германија.
Сицилискиот нема службен статус никаде, па дури ни во Сицилија и нема установа што го регулира. Најблиску до надлежност за јазикот е Центарот за сицилиски филолошки и лингвистички изучувања (Centro di studi filologici e linguistici siciliani) во Палермо, кој го истражува јазикот и објавува лингвистички дела уште од неговото основање во 1951 г.[1]
Автономниот регионален парламент на Сицилија има донесено законски уредби за изучување на сицилискиот јазик во сите училишта, но реализацијата досега е мошне бавна (Cipolla, 2004).
Јазикот официјално се признава во општинските статути на сицилиските градови како Калтаџироне[2] и Грамикеле,[3] каде се прогласува „неотуѓивата историска и културна вредност на сицилискиот јазик“. Предвидена е и заштита и промовирање на јазикот согласно Европската повелба за регионални и малцински јазици (ECRML), но италијанскиот парламент досега не го има потврдено предлог-законот.[4]
Во разните сицилиски заедници во САД и Канада (особено во Монтреал), јазикот е зачуван и се изучува во семејството и преку културни и фолкорни друштва и црковни организации, а постојат и друштвени групи на интернет.[5][6][7]
Име на јазикот
уредиИмето на јазикот доаѓа од најголемиот древен староседелски народ на Сицилија наречен Сикули, кој живеел на островот пред доаѓањето на Грците во VIII век п.н.е..
Дијалекти
уредиКако и другите јазици, сицилискиот има свои дијалекти, што припаѓаат на следниве наречја (Gordon и Bonner 2001):
- западно - во Палермо, Трапани, среднозападно Агриџенто)
- централно - во средниот дел на Сицилија, што опфаќа извесни делови од покраините Калтанисета, Месина, Ена, Палермо и Агриџенто)
- југоисточно - во покраината Рагуза и соседното подрачје од покраината Сиракуза)
- енско (Ennese) - во покраината Ена
- источно - во подрачјето на Катанија (втор град по големина на Сицилија) и соседното подрачје од покраината Сиракуза)
- месинско (во покраината Месина)
- липарско или еолско - на Липарските (Еолски) Острови)
- пантелериско (на островот Пантелерија)
- јужно- и среднокалабриско (Calabrese) - јужниот и среден дел на Калабрија, вклучувајќи ги покраините Реџо Калабрија, Вибо Валентија, Катанѕаро иа најголемиот дел од Кротоне)
- јужноапулско (Pugliese или Salentino) - полуостровскиот дел на Апулија)
- чилентско (Cilentano) - во подрачјето на Чиленто во Кампанија)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Centro di studi filologici e linguistici siciliani (CSFLS)
- ↑ „Gazzetta Ufficiale della Regione Siciliana: Statuto del Comune di Caltagirone“. Архивирано од изворникот на 2008-12-05. Посетено на 2012-11-18.
- ↑ „Gazzetta Ufficiale della Regione Siciliana: Statuto del Comune di Grammichele“. Архивирано од изворникот на 2017-10-11. Посетено на 2012-11-18.
- ↑ Карди, Валерија. Италија се приближува до ратификувањето на Еверопската повелба за регионални и малцински јазици - Eurolang, 12 декември 2007 (англиски)
- ↑ http://dir.groups.yahoo.com/group/sicilianamericanclub/message/766[мртва врска]
- ↑ http://www.everyculture.com/multi/Pa-Sp/Sicilian-Americans.html
- ↑ http://nsaf.net/
Надворешни врски
уредиИздание на Википедија — слободната енциклопедија на сицилиски јазик |
- www.languagesiciliana.org[мртва врска] Неважечки јазичен код.
- www.languagesiciliana.it[мртва врска] (италијански)
- Arba Sicula - непрофитна организација посветена на зачувувањето на сицилискиот јазик (англиски)
- Сицилиски јазик - „Етнолог“ (англиски)