Кемниц (германски: Chemnitz; горнолужички: Kamjenica, чешки: Saská Kamenice; познат како Карл Маркс Штат од 1953 до 1990) — трет најголем град во сојузната покраина Саксонија, Германија. Кемниц е слободен град, односно не припаѓа на ниеден округ и е седиште на административниот округ Саксонија. Градот се наоѓа на северното подножје на Рудните Планини и е дел од метрополитенската област Саксонски Триаголник, сочинета од 3,5 милиони луѓе. Економијата на градот е заснована на услужниот сектор и индустријата. Технолошкиот универзитет Кемниц има околу 10.000 студенти и е центар на академскиот живот.

Кемниц

Chemnitz

Поглед на Кемниц
Поглед на Кемниц
Поглед на Кемниц
Знаме на Кемниц
Грб на Кемниц
Кемниц во рамките на Германија
Кемниц
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Урбан округ
Градоначалник Барбара Лудвиг (СДП)
Основни податоци
Површина 220,85 км2
Надм. височина 296 м
Население 248.563 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 1.125 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. C
Пошт. бр. 09001–09247
Повик. бр. 0371

037200 (Витгенсдорф) 037209 (Ајнзидел) 03722 (Рерсдорф) 03726 (Ојба)

Портал chemnitz.de
Местоположба на градот Кемниц во Саксонија
Местоположба на градот Кемниц во Саксонија
Местоположба на градот Кемниц во Саксонија
Координати 50°50′N 12°55′E / 50.833° СГШ; 12.917° ИГД / 50.833; 12.917

Потекло на името

уреди

Кемниц е наречен по реката Кемниц, мала притока на Цвикауер Мулде. Името е изведенка од словенскиот топоним Каменица (горнолужички: Kamjenica).

Историја

уреди

Раната населба на словенските племиња се наоѓала на Kamienica, додека првите документи за Кемниц се поврзани со местото на бенедиктанскиот манастир, околу кого се развила населба. Околу 1170, светиот римски цар Фридрих Први му ги доделил правата на царски град. Во 1307 градот станал дел од грофовијата Мајсен (претходник на саксонската држава). Во средниот век, Кемниц станал центар на текстилното производство и трговијата. Повеќе од една третина од населението работело во текстилните фабрики. Од раниот 19. век Кемниц станал индустриски центар (некогаш нарекуван „саксонски Манчестер“). Во 1913, Кемниц имал население од 320.000 и е еден од малкуте градови, кој бил поголем тогаш, отколку што е сега.

Во текот на Втората светска војна, Кемниц имал фабрики, кои произведувале воени делови и во него се наоѓал подкамп на концентрацискиот камп Флосенбирг (500 жени затворенички) за Астра-Верке АГ.[2] Рафинеријата за нафта била цел на бомбардерите во текот на Нафтената кампања во Втората светска војна, а во Операцијата Гром биле вклучени следниве серија напади:

 
Старото и новото градско собрание
 
Поранешната стоковна куќа Шокен
 
Хотел Меркур, Кемниц
 
Замок Рабенштајн
 
Биста на Карл Маркс.
  • 14/15 февруари 1945: Првиот поголем напад на Кемниц вклучувал 717 британски бомбардери, но поради облачното време поголемиот дел од бомбите паднале на отворено поле.
  • 2/3–5 март: Американски бомбардери ги нападнале ранжирните станици.[3]
  • 5 март: Напад на 760 британски бомбардери.

Седиштата на производителот на автомобили Auto Union, кои се наоѓале во Кемниц од 1932 и неговите згради исто така биле сериозни оштетени. На крајот на војната, менаџерите на компанијата ја преместиле компанијата во Инголштат, Баварија — каде се развиле во денешната компанија Audi.

Бомбардирањата во Втората светска војна го оставиле градот во руини, а повоената социјалистичка обнова вклучувала големи ниски (а подоцна и високи) станбени згради. Некои туристички знаменитости биле обновени во текот на времето на Источна Германија и по повторното обединување на Германија.

Од 10 мај 1953 до 21 јуни 1990, Кемниц бил именуван како Карл Маркс Штат (германски: Karl-Marx-Stadt).

Знаменитости

уреди

Соседството Касберг со згради од 18. и 19. век и споменикот на Карл Маркс од Лев Кербел, именуван „Нишел“ (глава на саксонскиот дијалект) од месното население. Големи знаменитости се и Старото градско собрание со неговиот ренесансен портал (15. век), замокот на местото на поранешниот манастир и областа околу оперската куќа и стариот универзитет. Најголем знаменитост е црвената кула изградена во доцниот 12. или раниот 13. век, како дел градските ѕидини.

Скаменета шума може да се пронајде во дворот на културниот центар Kulturkaufhaus Tietz. Таа е една од неколкуте што постојат и е стара неколку милиони години. Исто така, во рамките на градот, во округот Рабенштајн, се наоѓа најмалиот замок во Саксонија, Замок Рабенштајн.

Градот значително се изменил од повторното обединување на Германија. Поголемиот дел од неговата индустрија е исчезната и јадрото на градот е повторно изградена со многу мали продавници, како и со огромни трговски центри. Многу од овие трговски центри имаат добро познати имиња, вклучувајќи ги Зара, H&M, Есприт, Галерија Кауфхоф, Лајзер Шус и Пик&Клопенбург. Најголемиот „Galerie Roter Turm“ (Црвена кула) — многу популарен меѓу младите луѓе.

Индустрискиот музеј Кемниц е почетна точка на ERIH, Европската патека на индустриско наследство.

Музејот Гунценхаузер, порано банка, отворен на 1 декември 2007. Доктор Алфред Гунцехаузер, кој живеел во Минхен, имал збирка од околу 2.500 парчиња современа уметност, вклучувајќи слики и графики од Ото Дикс, Карл Шмит-Ротлуф и други. Ботаничката градина Кемниц е општинска ботаничка градина, а Arktisch-Alpiner Garten der Walter-Meusel-Stiftung е непрофитна градина, специјализирана за арктички и алпски растенија.

Урбана обнова

уреди

Тешкото уништување во Втората светска војна, како и повоените уништување со изградба на вистински социјалистички град, го оставиле центарот на градот со огромен празен простор околу градското собрание, каде некогаш се наоѓало срцето на градот. Поради масовните инвестирања во трговските центри надвор од градот веднаш по повторното обединување не било започната некоја позначајна градежна активност во самиот центар. Споредедено со Потсдамскиот плоштад во Берлин, цел нов кварт на градот бил изграден во последниве години. Нови згради, вклучувајќи ја стоковната куќа Kaufhof од Хелмут Јан, Галерија Roter Turm со фасада од Ханс Колхоф и трговскиот цетар Peek&Cloppenburg од Ингенхофен и партнерите.

Стопанство

уреди

Кемниц е најголем град во урбаната зона Кемниц-Цвикау и е еден од најважните економски центри во новите покраини на Германија. Кемниц имал остварено БДП од околу 6,3 милијарди евра во 2004. Од 2000 година, економијата на градот бележи високи годишни стапки на пораст на БДП; Кемниц е меѓу првите десет германски градови во поглед на стапката на економски раст. Локалната и регионална економска структура е карактеризирано од средни претпријатија, во различни сектори.

Во последните години, стапаката на невработеност значително се намалила на 13,9%. Околу 100.000 луѓе се вработени, од кои околу 46.000 секојдневно патуваат од други општини.[4] 16,3% од вработените во Кемниц имаат универзитетска диплома, двојно повеќе од просекот на ниво на цела Германија.

Демографија

уреди
 
Населението на Кемниц од 1790

По повторното обединување на Германија, Саксонија се соочила со значајно намалување на населението. Од 1990, Кемниц изгубил повеќе од 20 отсто од неговите жители. Во 2006, ББС известила дека градот Кемниц ја има најниската стапка на раѓање во светот.[5]

Сообраќај

уреди
 
Карта на трамвајската и мрежата на Stadtbahn

Патишта

уреди

Кемниц е поврзан со два автопати (Autobahn) А4 ЕрфуртДрезден и А72 ХофЛајпциг. Автопатската раскрсница Kreuz Chemnitz се наоѓа на северозапад на градот. Автопатот А72 помеѓу Нидерфрона и Лајпциг е сè уште во изградба. Во рамките на административната зона на Кемниц, постојат осум автопатски излези (Ausfahrt).

Јавен превоз

уреди

Јавниот превоз во Кемниц е обезбеден преку трамвај и автобуси, како и преку градската железница („Stadtbahn“). Градот и неговата околина е опслужувана од една Stadtbahn линија, пет трамвајски линии, 27 градски автобуски линии, како и неколку регионални автобуски линии. Преку викендот и пред празници, градот ноќе е опслужуван со две автобуски линии, две трамвајски линии и линијата на градската железница.

Должината на трамвајската, Stadtbahn и автобуската мрежа е 28,73 км, 16,3 и 326,08 км, соодветно.

Аеродроми

уреди

Близу Кемниц се наоѓаат три аеродроми, вклучувајќи ги двата меѓународни аеродроми на Саксонија, во Дрезден и Лајпциг. Обата аеродроми Лајпциг/Хале и Дрезден се наоѓаат околу 70 километри од Кемниц и нудат бројни континентални и интерконтинентални летови.

Исто така, Кемниц има мал комерцијален аеродром (Кемниц-Јансдорф) на околу 13,5 километри јужно од градот. По завршувањето на обновата, асфалтната писта ќе биде 1.400 метри долга и 20 метри широка.

Спорт

уреди
  • Кемницер ФК (фудбал)
  • Фортуна Кемниц (фудбал)
  • Пост СВ Кемниц
  • Пливачки клуб Кемниц 1892
  • Кемниц (хокеј на мраз)
  • Кихвалд (тенис)

Познати жители

уреди

Почесни граѓани

уреди

Меѓународни односи

уреди

Збратимени градови

уреди

Кемниц е збратимен со:

Наводи

уреди
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
  2. Виктор, Едвард. „Кемниц, Германија“. Посетено на 2009-03-23.
  3. COMBAT CHRONOLOGY OF THE US ARMY AIR FORCES http://paul.rutgers.edu
  4. „Internetseite des Bundestagsabgeordneten Detlef Müller (SPD) mit Kennzahlen zur Chemnitzer Wirtschaft“. Архивирано од изворникот 2007-09-28. Посетено на 2007-09-28.
  5. „Германската стапка на раѓања падна на ново најниско ниво low“. BBC NEWS. 15 август 2006. Посетено на 2 јануари 2010.
  6. „Збратимени градови“. Биро на Град Лоѓ. (англиски и полски) 2007 UMŁ. Архивирано од изворникот на 2009-10-09. Посетено на 2008-10-23.
  7. „Збратимени градови“. www.amazingdusseldorf.com. Архивирано од изворникот на 2014-10-17. Посетено на 2009-10-29.

Надворешни врски

уреди