Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Канино
Рождество на Пресвета Богородица (позната и како Света Богородица) — главна селска црква во битолското село Канино, Македонија.[1]
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Бистричка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°56′49″N 21°20′53″E / 40.94694° СГШ; 21.34806° ИГД |
Место | Канино |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пресвета Богородица |
Изградба | 1830 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа над селото Канино, подигната на мало возвишение, на западниот дел од селото. До црквата води тесен асфалтен пат од селото Канино во должина од 400 метри.[2]
Сместена е во заграден простор, заедно со селските гробишта, во кој се влегува низ обновената црковна порта на источниот дел.[3]
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1830 година на темели на некој постар храм. Подоцна, била реновирана двапати, во 1926 и 1979 година.[2]
Архитектура
уредиЦрквата претставува трикорабна градба со полукружна апсида на исток и камбанарија на југоисточниот агол.[2] Поседува затворени тремови покрај јужната и западната фасада. Во изминатите години малтерисани се сите фасади на црквата, заедно со помошните простории.[3]
Во црквата може да се влезе преку двата влеза сместени на јужната и западната страна. Наосот е поделен на три надолжни кораби со два реда на дрвени столбови. На западниот дел од внатрешноста има дрвена галерија на кат, до која се стигнува преку едноставни камени скали.[3]
Фрескоживопис
уредиВо наосот не е зачуван фрескоживописот. Ѕидно сликарство се сретнува само во делови од олтарскиот простор, односно во просторот на апсидната конха и во малата ниша од жртвеникот. Двете насликани партии, со вообичаени претстави за овој простор, потекнуваат од 1928, односно од 1930 година. Тоа се дознава од зачуваните записи.[3]
Иконостас и икони
уредиИконостасот е составен од два реда на икони, од кои повеќето потекнуваат од втората половина на XIX век. Иконите од втората четвртина на XX век се од истиот мајстор, кој го насликал и фрескоживописот во олтарскиот дел.[3]
Царските двери поставени на иконостасот претставува уметничка творба според повеќе историчари на уметноста. Истите делат ставови дека тие, заедно со уште неколку слични вакви двери, потекнуваат од XVI век. Најверојатно, овие царски двери се остаток од некој постар храм, кој се наоѓал на местото на денешната црква или пак во нејзината непосредна околина.[3]
Во секој случај, истите се вбројани меѓу највредните артефакти изработени во резба од периодот на поствизантиската уметноста во Македонија.[3]
Галерија
уреди-
Селските гробишта
-
Влезната порта во црквата
-
Апсидата на црквата
-
Поглед на црквата
-
Влезот
-
Поглед на црквата
-
Поглед на црквата
-
Поглед на црквата
-
Камбанаријата на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Св. Богородица село Канино | Битола инфо“. Bitola Info. 2018-02-27. Посетено на 2019-02-27.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 16 ноември 2016.
Надворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Канино на Ризницата ?