Историја на Чешка

Дел од темата Чешка

Историја на Чешка

Античка историја

Рана историја
Крал Само
Велика Моравија

Среден век

Кралство Бохемија

Чехословачка
Современа Чешка

Чешка

Портал:Чешка

Праисторија

уреди

Територијата на денешна Чешка била населувана уште од најстари времиња. Според археолошките истражувања, на овие простори постоел живот уште пред 28.000 години п.н.е. Во 3 век п.н.е. Чешка била населена со келти, а од 1 век со германски племиња.

Населување на словените

уреди

Во текот на 5 век и 6 век, на територијата на денешна Чешка се населиле словенските племиња. Во предсловенското населување, на оваа територија постоело кнежевството Нитра, кое заедно со Моравија ја сочинувале т.н. Велика Моравија. Таа држава во текот на 9 век го достигнал својот Златен век, во времето на Ротислав I. Во почетокот на 10 век за првпат била создадена чешката држава. Во 12 век Чешка станала кралство во составот на Светото Римско Царство.

Среден век

уреди

Важни периоди од историјата на Чешка се националното ослободително движење и антикатоличкото движење во првата половина на 15 век. Во 1526 година, Чешка била вклучена во составот на Хабсбуршката империја, како автономна област. Чешка во 1867 година била вклучена во составот на Австроунгарија, а по распаѓањето на Австроунгарија во 1918 година Чешка се соединила со Словачка образувајќи ја Чехословачка.

Чехословачка

уреди

Во почетокот на 1939 година, Нацистичка Германија ја окупирала Чешка создавајќи ги Бохемија и Моравија. На 9 мај 1945 година, Црвената армија ја окупирала Чешка, и по војната повторно била создадена Чехословачка.

Во периодот од 1918 до 1939

уреди

Чехословачка била создадена во октомври 1918 година, односно по завршувањето на Првата светска војна, на територијата која дотогаш се простирала Австроунгарија. Во денешно време, се наоѓаат Чешката република и Словачката република, како и Закарпатската област во денешна Украина. Чехословачка била една од најмногу развиените земји во Европа поради фактот што во времето на Австроунгарија, на нејзината теритирија се наоѓал најразвиениот индустриски регион, а со тоа имала и добра економија. Од нејзиното создавање сè до Втората светска војна, Чехословачка била демократска земја. Како еден од најголемите проблеми во земјата бил етничкиот проблем. Тоа се должило на фактот бидејќи втора и трета по големина етническа група била Германците и словаците кои не биле задоволни од политичкото господство на чесите. Освен тоа, повеќе од етничките Германци и унгарци во Чехословачка никогаш не ја признавале оваа нова држава.

Во периодот од 1939 до 1945

уреди

Во периодот на Втората светска војна, Чехословачка паднала во рацете на нацистичка Германија. По Минхенската конференција во 1938, хитлеровите војски ги окупирале граничните германски етнички региони во Бохемија и Моравија, Унгарија добила територии кои биле населени со унгарци во Јужна Словачка, а останатите територии на Словачка и областа Рутенија (Закарпатска област) добила статус на автономија. Чехословачка престанала да постои во март 1939, кога Хитлер го окупирал и остатокот од Бохемија и Словачка била принудена да прогласи независност.

Во текот на војната Бохемија и Моравија се биле раководени од страна на Германија, а новата словачка држава станала сојузник на нацистичка Германија. Словачките војски се бореле против руските сè до 1944 година кога се обрнале против власта. Ова востание било задушено по неколку месеци од страна на Германија.

Во периодот од 1945 до 1990

уреди

По завршувањето на Втората светска војна, Чехословачка била повторно формиранасите Германци биле прогонети од државата, а Закарпатска област била окупирана и по касно пресоединета кон СССР. Три години подоцна Чехословачката комунистичка партија (ЧКП) ја зазела власта (1948-1989) по парламентарните избори, и државата паднала под влијание на СССР. Во религиозен поглед, атеизмот бил официјален во државата. Во 1969 Чехословачка била преобразувана во федерација која се состоела од Чешката социалистичка република и Словачка социалистичка република.

Во периодот од 1990 до 1992

уреди

Во 1989 година во Чехословачка повторно бил воспоставена демократијата. Со паѓањето на комунизмот, во државата повторно се појавил предлог за промена на името на државата во Чехословачка република. Во април 1990 година овој предлог бил отфрлен од страна на словачките политичари, бидејќи според нив тоа име недоволно ја изразувала застапеноста на словаците во федерацијата. Подоцна се стигнало до компромис државата да се вика Чешка и Словачка федеративна република. Но во 1992 година, парламентот на федерацијата решил таа да биде разделена на два дела од 1 јануари 1993 година на Чешка и Словачка, каква е и до ден денес.

Чешка Република

уреди

По падот на комунизмот од 1989 година, во 1993 година Чехословачка се распаднала на Чешка и Словачка и од тоа време, Чешка е суверена држава. Во 1999 година била примена во НАТО пактот, а од 1 мај 2004 година во ЕУ.