Историја на Турција

Рана историја

уреди

Полуостровот Мала Азија е еден од најстарите населени делови во светот со одлична географска положба. Најраните населени места како Чаталхејук, Чајону, Невали Џори, Хаџилар, Ѓобекли Тепе и Мерсин се сметаат за едни од најрано населените места во светот.[1] Населувањето на Троја започнало во неолитскиот период и продолжил во железната доба. Староседелците на Анадолија зборувале на анадолски јазици и биле дел од индоевропските јазици.[2] Една од поголемите империи во таа област била Хетската Имеперија, од 18 век п.н.е. до 13 век п.н.е. Кралството постоело сè до доаѓањето на Кимеранците во 7 век п.н.е.[3] Најмоќни држави биле Лидија, Карија и Ликија. Лидиците и ликиците зборувале индоевропски јазици.

Почнувајќи од 1200 п.н.е. западното крајбрежје на Анадолија почнало да се населува од дојденци од соседните земји, најмногу еолци. Понатака, целата територија била освоена од Персиската империја и подоцна од Македонската Империја на чело со македонскиот крал Александар Македонски. Во средината на 1 век п.н.е. Целата територија потпаднала под римска контрола за да подоцна биде дел од Источното Римско Царство или Византија.[4]

Отомански период

уреди
 
Карта на Отоманското Царство

Селџуците биле дел од к'н'к огуз Турците што во 9 век се прошириле и одделиле од муслиманскиот свет во Средна Азија и се прошириле кон Касписко Езеро и Аралско Езеро.[5] Во 10 век, селџуците почнале да се населуваат кон Анадолија и со тоа Анадолија постанува татковина на Турците- селџуци. Во 1071 година се одвива Битката кај Малазгирт со победа на селџуците. Со самата победа, султанатот се проширува на цела Анадолија, а подоцна до Блискиот Исток, Северна Африка и Југоисточна Европа.[6]

Во 1243, селџучката војска била поразена од Монголското Царство и селџучките сили видно ослабнале. Во таа ситуација, се појавува турскиот гувернер Осман I основајќи го моќното и силно Османлиско Царство. Османлиското Царство се протегало на голема територија од Саудиска Арабија до Унгарија и Средна Азија до Сирија. Војската била моќна и немилосрдна, а управувањето раководено од султан. Османлиското Царство трае сè до 1923 година, кога се симнува султанот од власт и државата се преуредува во Република на чело со таткото на турската нација - Мустафа Кемал.[7]

Модерна историја

уреди

Окупацијата на Истанбул и Измир од Алијансата за време на Првата светска војна била добра основа за формирање на Турското национално движење (ТНД) [8]. Под водство на Мустафа Кемал, турската војна за независност била заснована на принципите на Договорот од Севр. До 18 септември, војските на Алијансата ја напуштиле територијата на Турција, и се реформирала Турската Република. На 1 ноември, новооснованиот парламент формално го напуштил султанатот после 623 години владеење. Со Договорот од Лозана од 1923 Турција се признала меѓународно, поточно Република Турција постанала наследник на Отоманското Царство и републиката била официјално прогласена на 29 октомври 1923 со новиот главен град Анкара.[8]

Мустафа Кемал бил избран за прв претседател. Тој вовел радикални промени во турското општество со формирањето на секуларната република за разлика од отоманскиот начин на владеење.[8] Поради големиот удел на Мустафа Кемал Паша, турската држава го прогласила како Ататурк, што значи татко на нацијата. Така Мустафа Кемал Паша станал познат како Кемал Ататурк.[9]

Во поголемиот дел од Втората светска војна Турција била неутрална за кон крајот на војната, на 23 февруари 1945 година, да им објави војна на Германија и Јапонија.

По војната, Турција во 1945 станала член-основач на ООН.[10] Понатака, во 1952 Турција станала рамноправен член на НАТО. Војската, која располагала со значителна моќ, извршила три воени удари во земјата: во 1960, 1971 и 1980 година. Во јули 1974, Турција извршила воена интервенција на Кипар, испровоцирана од активностите на Грција на островот. По девет години, островот се поделил и се формирала нова турска република наречена Турска Република Северен Кипар, која денес е призната само од Турција, но е сосема функционална, со свои органи.[11]

Од 2002 година со државата, како премиер, а потоа и како претседател, управува Реџеп Таип Ердоган.

Наводи

уреди
  1. Thissen, Laurens (23 ноември 2001). "Time trajectories for the Neolithic of Central Anatolia" (PDF). CANeW - Central Anatolian Neolithic e-Workshop. Посетено на 21 декември 2006.
  2. Balter, Michael (2004-02-27). "Search for the Indo-Europeans: Were Kurgan horsemen or Anatolian farmers responsible for creating and spreading the world's most far-flung language family?". Science 303 (5662): 1323.
  3. The Metropolitan Museum of Art, New York (October 2000). "Anatolia and the Caucasus (Asia Minor), 2000 – 1000 B.C. in Timeline of Art History.". New York: The Metropolitan Museum of Art. Посетено на 21 декември 2006.
  4. Daniel C. Waugh (2004). "Constantinople/Istanbul". University of Washington, Seattle, WA. Посетено на 26 декември 2006.
  5. Wink, Andre (1990). Al Hind: The Making of the Indo Islamic World, Vol. 1, Early Medieval India and the Expansion of Islam, 7th-11th Centuries. Brill Academic Publishers. ISBN 90-04-09249-8.
  6. Mango, Cyril (2002). The Oxford History of Byzantium. Oxford University Press, USA. ISBN 0-19-814098-3.
  7. Kinross, Patrick (1977). The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire. Morrow. ISBN 0-688-03093-9.
  8. 8,0 8,1 8,2 Shaw, Stanford Jay; Kural Shaw, Ezel (1977). History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Cambridge University Press. ISBN 0-521-29163-1.
  9. Mango, Andrew (2000). Ataturk. Overlook. ISBN 1-58567-011-1.
  10. "Growth in United Nations membership (1945–2005)". United Nations (3 јули 2006). Посетено на 30 октомври 2006.
  11. Timeline: Cyprus", British Broadcasting Corporation (12 декември 2006). Посетено на 25 декември 2006.