Ѓобекли Тепе
Ѓобекли Тепе (турски: Göbekli Tepe, Göbeklitepe) — археолошко наоѓалиште што потекнува од докерамискиот неолит А, а веројатно дури и од времето на епипалеолитот, кој се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Шанлаурфа и на 2,5 километри од селото Оренџик. Возвишението е во суштина тел, високо 15 м, околу 300 м во пречник, кој се наоѓа на приближно 760 м надморска височина. Тоа е најдревното мегалитско археолошко наоѓалиште во светот.[1] Неговата старост е најмалку 12.000 години. Датирана е во IX илјадалетие п.н.е. Објектот има кружен облик (концентрични кругови, чиј број достигнува 20) со релјефи од стели во облик на Т што претставуваат различни животни. Комплексот бил покриен со ситен грагор и други фрагменти во VIII илјадалетие п.н.е. Археолошките наоди од Ѓобекли Тепе и Невала Чори ги револуционизираат поимите за раниот неолит во Блискиот Исток.
| |
Главното ископувачко подрачје на Ѓобекли Тепе | |
Место | Шанлаурфа, Турција |
---|---|
Област | Југоисточна Анадолија |
Координати | 37°13′23″N 38°55′21″E / 37.22306° СГШ; 38.92250° ИГД |
Историја | |
Изграденo | околу 9500 п.н.е. |
Напуштено | околу 8000 п.н.е. |
Раздобје |
|
Белешки за наоѓалиштето | |
Откриено | 1963 |
Ископување | 1995— |
Археолози |
|
Состојба | добро сочувана |
Службен назив: Ѓобекли Тепе | |
Тип: | културно наследство |
Критериуми: | (i), (ii), (iv) |
Прогласено: | 2018 (42-та седница) |
Број | 1572 |
Регион: | Западна Азија |
Ѓобекли Тепе им е познат на археолозите уште од раните 1960-ти, но никој не го погодил неговото вистинско значење. Местото под ридот требало да биде византиски гробишта. Дури откако еден местен овчар ископал една од колоните во 1994 година и открил релјеф на чудно животно, започнале ископувањата организирани од Германскиот археолошки институт во соработка со музејот Шанлаурфа.[2] Веднаш по првите ископувања станало јасно дека станува збор за објект што датира од камено време.[3] Само 5 % од целиот комплекс е ископан. Во 2018 година, Ѓобекли Тепе бил вклучен во списокот на Светското културно наследство на УНЕСКО.[4] Неговиот истражувач, германскиот археолог Клаус Шмит, претполага дека Ѓобекли Тепе е древна култна градба.[3] Неговата изградба започнала уште во мезолитот, а неговата употреба продолжила најмалку неколку илјадалетија. По крајот на VIII илјадалетие п.н.е. објектот бил закопан и напуштен.
Наводи
уреди- ↑ Sandra Scham, The World's First Temple Архивирано на 29 март 2012 г., Nov./Dec. 2008, Vol. 61 Iss. 6, с. 23
- ↑ „Deutsches Archäoligisches Institut“. Архивирано од изворникот на 2012-02-19. Посетено на 2023-02-24.
- ↑ 3,0 3,1 Curry, Andrew (November 2008). „Göbekli Tepe: The World's First Temple?“. Smithsonian Institution.
- ↑ Centre, UNESCO World Heritage. „Göbekli Tepe“. whc.unesco.org (англиски). Посетено на 2018-07-01.
Надворешни врски
уреди- Ѓобекли Тепе, УНЕСКО
- Ѓобекли Тепе на Ризницата ?