Финале на Европското првенство во фудбал 2000
Финалето на Европското првенство 2000 бил фудбалски натпревар одигран на 2 јули 2000 година на Стадион Фејенорд во Ротердам, Холандија, со кој се одредил победникот на Европското првенство 2000. Франција го добила овој натпревар, совладувајќи ја Италија со 2-1 со постигнат златен гол во првото продолжение.
Финале на Евро 2000 | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Првенство | Европско првенство 2000 | ||||||
| |||||||
После златен гол постигнат во првото продолжение | |||||||
Датум | 2 јули 2000 | ||||||
Стадион | Стадион Фејенорд, Ротердам | ||||||
Играч на натпреварот | Франческо Тоти (Италија)[1] | ||||||
Судија | Андрес Фриск[2] | ||||||
Гледачи | 48,200[3] | ||||||
Временски прилики | Претежно облачно 20 °C (68 °F) 68% влажност[4] | ||||||
Италија прва дошла во водство со голот на Марко Делвекио во 55-тата минута и тие ја одржувале предноста до последната минута од судиското продолжение на второто полувреме, кога Силван Вилтор со еден низок удар кој минал под рацете на италијанскиот голман Франческо Толдо го изедначил резултатот и го испратил натпреварот во продолженија.[5] Франција дошла до победата малку пред крајот на првото продолжение, кога Робер Пирес по еден одличен соло-продор ја уфрлил топката во шеснаесеттникот на противникот каде ја дочекал Давид Трезеге кој со еден полуволеј ја сместил во мрежата на Италија, постигнувајќи го златниот гол со кој Франција го освоила турнирот.
Патот до финалето
уредиФранција | Рунда | Италија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Противници | Резултат | Групна фаза | Противници | Резултат | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Данска | 3–0 | Натпревар 1 | Турција | 2–1 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Чешка | 2–1 | Натпревар 2 | Белгија | 2–0 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Холандија | 2–3 | Натпревар 3 | Шведска | 2–1 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Група Д второпласиран
|
Завршен поредок | Група Б победник
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Противници | Резултат | Нокаут фаза | Противници | Резултат | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Шпанија | 2–1 | Четвртфинале | Романија | 2–0 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Португалија | 2–1 (прод.) | Полуфинале | Холандија | 0–0 (прод.) (3–1 пен.) |
Натпреварот
уредиДетали
уреди2 јули 2000 | Франција | 2-1 (прод.) | Италија | Ротердам |
---|---|---|---|---|
20:00 Историја на досегашните натпревари Франција - Италија |
Извештај |
|
Стадион: Стадион Фејенорд Гледачи: 48,200[3] Судија: Андрес Фриск |
|
|
Играч на натпреварот:
Помошни судии:[2]
|
Правила на натпреварот[6]
|
Статистика
уредиСтат. сегменти | Франција | Италија |
---|---|---|
Голови | 2 | 1 |
Вкупно шутеви | 19 | 10 |
Шутеви во рамка | 12 | 3 |
Посед на топка | 48% | 52% |
Корнери | 7 | 4 |
Прекршоци | 18 | 29 |
Офсајди | 6 | 7 |
Жолти картони | 1 | 3 |
Црвени картони | 0 | 0 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „EURO 2000 team of the tournament“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 2 мај 2016. Посетено на 14 април 2017.
- ↑ 2,0 2,1 „UEFA EURO 2000 - History - France-Italy“. UEFA.com. Union of European Football Associations. Архивирано од изворникот на 4 November 2006. Посетено на 26 December 2017.
- ↑ 3,0 3,1 „France - Italy 2:1 (EURO 2000 Holland/Belgium, Final)“. worldfootball.net. HEIM:SPIEL. Посетено на 27 December 2017.
- ↑ „Weather History for Rotterdam, Netherlands“. Wunderground. 2 July 2000. Посетено на 14 April 2017.
- ↑ „France 2 Italy 1“. BBC Sport. 2 July 2000. Посетено на 19 June 2013.
- ↑ „Tournament rules“. UEFA.com. Union of European Football Associations. Архивирано од изворникот на 17 August 2000. Посетено на 25 June 2016.
- ↑ „Match statistics“. Euro 2000 official website. Архивирано од изворникот на 17 August 2000. Посетено на 28 May 2012.