Слатина (Златари)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Слатина

Карта

Местоположба 41°7′2.64″N 21°3′46.8″E / 41.1174000° СГШ; 21.063000° ИГД / 41.1174000; 21.063000
Основни податоци
Место Златари
Општина Ресен
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Слатинаархеолошко наоѓалиште во преспанското село Златари. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на десната страна од патот за Ресен, на 2,5–3 км јужно од селото, каде на блага падина што се спушта кон запад при обработувањето на нивите мештаните откриле темели од објекти ѕидани од кршен камен и кал. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и водоводни цевки. Месен жител при орање на својата нива, открил питос во кој имало земјоделски алатки. Наодите се загубени.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069