Зета Големо Куче, или ζ Големо Куче, исто така наречена Фуруд (/ˈfjʊərəd/)[14]двоен ѕвезден систем во јужното соѕвездие на Големо Куче. Овој систем има привидна визуелна величина од +3,0, што ја прави една од посветлите ѕвезди во соѕвездието и оттука лесно видлива со голо око. Мерењата на паралаксата од мисијата Хипаркос даваат проценка на растојание од околу 362 светлосни години од Сонцето.[1] Се оддалечува со радијална брзина од +32км/сек.[5]

Зета Големо Куче
Местоположба на ζ Големо Куче (заокружено)
Податоци од набљудување
Епоха J2000.0      Рамноденица J2000.0
Соѕвездие Canis Major
Ректасцензија 06ч 20м &1000000000187920400000018,79204с[1]
Деклинација –30° 03′ &1000000000048120200000048,1202″[1]
Прив. величина (V) +3.025[2]
Особености
Спектрален тип B2.5 V[3]
U−B Боен показател –0.71[2]
B−V Боен показател –0.195[2]
Променлив тип можна β Cep[4]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)+32.2[5] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: +7.32[1] млс/г
Дек.: +4.03[1] млс/г
Паралакса (π)9.00 ± 0.13[1] млс
Оддалеченост362 ± 5 сг
(111 ± 2 пс)
Апсолутна величина (MV)−2.21[6]
Орбита[7][8]
Период (P)675 days
Занесеност (e)0.57
Перицентарска епоха (T)2.416.508
Аргумент на перицентарот (ω)
(споредна)
207°
Полузамав (K1)
(главна)
13.5 км/с
Податоци
Маса7,7 ± 0,2[9] M
Полупречник3.9[10] R
Површ. грав. (log g)4.0[10]
Сјајност3,603[11] L
Температура18,700[11] K
Вртежна брзина (v sin i)25[12] км/с
Други ознаки
Фуруд, Пуруд, ζ CMa, Zeta CMa, 1 Canis Majoris, CD−30°3038, FK5 240, HD 44402, HIP 30122, HR 2282, SAO 196698[13]
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

ζ Големо Куче, латинизирано од Zeta Canis Majoris, претставува бајерова ознака на ѕвездата, доделена од германскиот астроном Јохан Бајер во 1603 година.

Традиционалното име Фуруд или Пуруд потекнува од арапскиот збор ألفرود ел-фуруд „осамените“. Ова било ознака што раните арапски поети ја користеле за голем број анонимни ѕвезди. Подоцна арапските астрономи се обиделе да го идентификуваат името со одредени ѕвезди, главно во современите соѕвездија Кентаур и Голуб. Ѕвездите на Голуб биле доделени на Големо Куче во Алмагест, што довело до неодамнешно доделување на името за Зета Големо Куче.[15]

Суфи ги нарекол овие ѕвезди како ألأغربة ал-ʼагрибагавраните“.[16]

Во 2016 година, Меѓународниот астрономски сојуз организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ) за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите[17]. Првиот билтен на РГИЅ од јули 2016 година[18] вклучувал табела со првите две серии на имиња одобрени од РГИЅ; во кој бил вклучен и Фуруд.

Својства

уреди

Бинарната природа на овој систем првпат ја забележал Г.Е. Педок врз основа на набљудувањата направени во 1906 година од опсерваторијата DO Mills во Чиле.[19] Таа била потврдена во 1909 година од страна на СА Мичел, користејќи радијални мерења на брзината направени од ФЕ Харфам во 1908 година..[20] Таа е еднолиниски спектроскопски бинарен систем, што значи дека парот не е поединечно разрешен со телескоп, но гравитационите растројства на невидениот астрометриски придружник може да се забележат со поместувања во спектарот на примарниот предизвикан од Доплеровиот ефект. Парот орбитира околу нивниот заеднички центар еднаш на секои 675 денови со ексцентричност од 0,57.[8]

Примарната компонента е голема ѕвезда со речиси четири пати поголем полупречник на Сонцето[9] и речиси осум пати поголема од сончевата маса. Има ѕвездена класификација Б2.5 V,[3] што значи дека е ѕвезда од главната низа од Б-тип која генерира енергија преку нуклеарната фузија на водород во неговото јадро. Ѕвездата емитира 3.603 пати[11] поголема од сончевата сјајност и е сомнителна променлива ѕвезда од типот на Бета Кефеј.[4] Оваа енергија се зрачи од нејзината надворешна обвивка на делотворна температура од околу 18.700 K[11], давајќи ѝ синобела нијанса на ѕвезда од типот Б.[21] Таа е релативно млада за ѕвезда, со проценета старост од 32 милиони години.[9]

Зета Големо Куче се наоѓа блиску до сончевиот антапекс.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 van Leeuwen, F. (November 2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357, S2CID 18759600
  2. 2,0 2,1 2,2 Cousins, A. W. J. (1972), „UBV Photometry of Some Very Bright Stars“, Monthly Notes of the Astronomical Society of Southern Africa, 31: 69, Bibcode:1972MNSSA..31...69C
  3. 3,0 3,1 Houk, Nancy (1979), Michigan catalogue of two-dimensional spectral types for the HD stars, 3, Ann Arbor, Michigan: Dept. of Astronomy, University of Michigan, Bibcode:1982mcts.book.....H
  4. 4,0 4,1 Telting, J. H.; и др. (June 2006), „A high-resolution spectroscopy survey of β Cephei pulsations in bright stars“, Astronomy and Astrophysics, 452 (3): 945–953, Bibcode:2006A&A...452..945T, doi:10.1051/0004-6361:20054730, hdl:2066/36162
  5. 5,0 5,1 Evans, D. S. (June 20–24, 1966), „The Revision of the General Catalogue of Radial Velocities“, Во Batten, Alan Henry; Heard, John Frederick (уред.), Determination of Radial Velocities and their Applications, Proceedings from IAU Symposium no. 30, 30, University of Toronto: International Astronomical Union, стр. 57, Bibcode:1967IAUS...30...57E
  6. Anderson, E.; Francis, Ch. (2012), „XHIP: An extended hipparcos compilation“, Astronomy Letters, 38 (5): 331, arXiv:1108.4971, Bibcode:2012AstL...38..331A, doi:10.1134/S1063773712050015, S2CID 119257644.
  7. Pourbaix, D.; и др. (2004), „SB9: The Ninth Catalogue of Spectroscopic Binary Orbits“, Astronomy & Astrophysics, 424: 727–732, arXiv:astro-ph/0406573, Bibcode:2004A&A...424..727P, doi:10.1051/0004-6361:20041213, S2CID 119387088.
  8. 8,0 8,1 Abt, Helmut A. (August 2005), „Observed Orbital Eccentricities“, The Astrophysical Journal, 629 (1): 507–511, Bibcode:2005ApJ...629..507A, doi:10.1086/431207
  9. 9,0 9,1 9,2 Tetzlaff, N.; Neuhäuser, R.; Hohle, M. M. (January 2011), „A catalogue of young runaway Hipparcos stars within 3 kpc from the Sun“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 410 (1): 190–200, arXiv:1007.4883, Bibcode:2011MNRAS.410..190T, doi:10.1111/j.1365-2966.2010.17434.x, S2CID 118629873
  10. 10,0 10,1 Underhill, A. B.; и др. (November 1979), „Effective temperatures, angular diameters, distances and linear radii for 160 O and B stars“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 189 (3): 601–605, Bibcode:1979MNRAS.189..601U, doi:10.1093/mnras/189.3.601
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 Hohle, M. M.; Neuhäuser, R.; Schutz, B. F. (April 2010), „Masses and luminosities of O- and B-type stars and red supergiants“, Astronomische Nachrichten, 331 (4): 349–360, arXiv:1003.2335, Bibcode:2010AN....331..349H, doi:10.1002/asna.200911355, S2CID 111387483
  12. Abt, Helmut A.; Levato, Hugo; Grosso, Monica (July 2002), „Rotational Velocities of B Stars“, The Astrophysical Journal, 573 (1): 359–365, Bibcode:2002ApJ...573..359A, doi:10.1086/340590
  13. „zet CMa -- Cepheid variable Star“, SIMBAD Astronomical Object Database, Centre de Données astronomiques de Strasbourg, Посетено на 2012-02-15
  14. „IAU Catalog of Star Names“. Посетено на 28 July 2016.
  15. Kunitzsch, Paul; Smart, Tim (2006). A Dictionary of Modern star Names: A Short Guide to 254 Star Names and Their Derivations (2nd rev.. изд.). Cambridge, Massachusetts: Sky Pub. ISBN 978-1-931559-44-7.
  16. Allen, R. H. (1963), Star Names: Their Lore and Meaning (Reprint. изд.), New York: Dover Publications Inc, стр. 130, ISBN 0-486-21079-0, Посетено на 2010-12-12
  17. „IAU Working Group on Star Names (WGSN)“. Посетено на 22 May 2016.
  18. „Bulletin of the IAU Working Group on Star Names, No. 1“ (PDF). Посетено на 28 July 2016.
  19. Curtis, H. D. (April 1909), „Five stars having variable radial velocities“, Astrophysical Journal, 29: 229–231, Bibcode:1909ApJ....29..229C, doi:10.1086/141645.
  20. Mitchell, S. A. (October 1909), „Seven spectroscopic binaries“, Astrophysical Journal, 30: 239–242, Bibcode:1909ApJ....30..239M, doi:10.1086/141699.
  21. „The Colour of Stars“, Australia Telescope, Outreach and Education, Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation, December 21, 2004, Архивирано од изворникот на 2013-12-03, Посетено на 2012-01-16

Надворешни врски

уреди