Замокот Барбароса, наречен според прекарот на отоманскиот корсар Хајредин Барбароса кој успеал да го освои во 1535 година. Овој замок се наоѓа во општината Анакапри (НА), во покраината Кампанија. Датумот на градба со сигурност, но најверојатно води потекло некаде од крајот на 9 век.

Замокот Барбароса во Капри

Структурата на замокот, од која останале само одредени урнатини, од 1898 година[1] била во сопственост на шведскиот лекар Аксел Мунте, која по неговата смрт поминала во сопственост на фондација која го носела неговото име. Веднаш до структурата на замокот, постои соседен простор кој е богат со ботанички елементи, постои и една орнитолошка станица.

Историја

уреди

Замокот Барбароса не се знае со сигурност кога бил изграден, иако неговото постоење пак со сигурност е потврдено дека е од 10 век.[2] Изграден е со мал број работници од страна на жителите на Амалфи. Овој замок бил користен за полесно контролирање на целиот остров Капри.[2][3]

Сопственоста првично била во сопственост на Аделферио, син на Серхио од Амалфи,[2] кој областа ја нарекол Англум ад Кастелум (или со буквално значење „ќошот во близина на замокот“).[4] Подоцна замокот бил продаден заедно со останатите имоти околу него, односно целиот предел на Анакапри (со просторите како Артимо, Орико и Градола)[4] и деловите на Џовани и Комит од Капри. Оваа продажба веројатно се случила на 15 ноември 988 година.[2] Всушност, документот се однесувал и во буквална смисла на едно „дрво во самиот агол на тврдината“.[2] Овој замок, односно тврдината, била како заштитена област на стабилност во периодот на 10 и 11 век.[5]

За време на норманското освојување на јужна Италија, жителите од Амалфи се побуниле неколку пати против норманското владеење. Тоа пак ги навело да ги модернизираат сите утврдувања на островот Капри. Во внатрешноста на замокот во тој период биле создадени нови простории, вклучително и една капела со таканаречен екстрадос свод.[2] Во 1129 година, владетелот Руџеро II испратил флота под команда на адмиралот Георгиј Антиохиски против побунетите жители на Амалфи. За да го скршат отпорот на градот, Норманите ги нападнале утврдувања на островот Капри. При тој напад биле убиени повеќето цивили. Островот Карпи бил вториот остров кој паднал од нападите на Норманите, веднаш по островчето Ли Гали.[6]

За да се одговори на еволуцијата на новите техники на опсади и новото огненото оружје, од периодот на 13 век тврдината била модернизирана со изградба на една цилиндрична кула на самиот гребен. Биле поставени две завеси во форма на бедеми, заштитни жици за махиколации и многу други одбранбени елементи.[2]

Во текот на петнаесеттиот век островот Капри претрпел бројни напади од муслиманските корсари, при што населението се засолнило во тврдината. Меѓутоа, во 1535 година, отоманските пирати предводени од Хјредин Барбароса и Драгут успеале да го заземат замокот кој бил уништен, а населението кое побарало засолниште таму било киднапирано или ограбено.[7] Иако била започната реконструкцијата на тврдината, работата никогаш не била завршена бидејќи била доверена на неаполските градители кои немале доволно искуство. Затоа, оставено на грижа само на жителите на Анакапри, тврдината никогаш не била повторно изградена.[5]

Замокот од тој период па сѐ до осумнаесеттиот век фукцинирал во доста мирна атмосфера и во изолирана состојба. По тој период оваа локација била извадена од заборав и наведена во неколку географски трактати.[8] Локацијата се вратила во употреба и излегла од изолација како објект кој бил значаен за чисто воени цели. На почетокот на 19 век, замокот бил одбранбено зајакнат од страна на Англичаните (1806) кои изградиле дел наречен махиколација, предвиден за пушки и барут, а од страна на Французите (1808) бил изграден ѕид кој, започнувал од самиот замок и завршувал во делот на феникиската скала.[9] Со раѓањето на интересот за истражување на археолошките наоди од медитеранската област во средината на векот,[8] замокот бил опишан од еден патник како „урнатина потопена во дивата и волшебна природа“. Овој замок во првата половина на 20 век, станал предмет на љубопитност и дестинација за голем број на екскурзионисти. Локацијата била вклучена во сите мапи и туристички водичи кои се однесувале на островот Капри.[3]

Во 1898 година, замокот Барбароса бил купен, заедно со околината, од шведскиот лекар Аксел Мунте, кој многу го мразел ловот. Поради омразата кон ловот и ловењето замокот го претворил во „засолниште за птици“. Областа всушност во тој период била позната локација за лов на птиците потполошки. Одлуката на Аксел Мунте наишла на позитивна наклонетост кај населението на опстровот Капри.[10] Островот со посебен закон, изготвен од страна на Бенито Мусолини, бил заштитен и била воведена забрана за лов на птици во текот на целата година.[1]

По смртта на Аксел Мунте, на 16 јуни 1950 година,[11] замокот станал дел од Фондацијата наречена Аксел Мунте и е во сопственост на шведскиот конзулат кој е сместен во вилата Сан Микеле.[9]

Опис и структура

уреди
 
Урнатините на замокот Барбароса на слика направена во 1854 година.

Замокот Барбароса се наоѓа на 412 метри надморска височина, за разлика од подножјето кое е на 250 метри височина[12] на страната која се отвора кон планината Соларо.[13]

Замокот има четириаголна форма, но еден од ѕидовите е со полукружен облик. Урнатините на највисокиот дел, покрај тоа што го сочинуваат централното јадро на објектот, одговараат и на она што некогаш било станбена површина. На тој дел се наоѓа параклис со засводен покрив, апсида и мал фронтон со камбанарија . Под него се наоѓа дел наречен цистерна, која се користела како магацин. До капелата има втора просторија од која се зачувани некои архитектонски елементи, меѓу кои и засводениот покрив, еден мал и еден кружен отвор. Уште една просторија се наоѓа под поткровјето над која има дел во вид на зрак изработен од метал. Овој простор се користел како помошна просторија.[14]

Тврдината била изградена со техника на ѕидање со вграден локален камен. Покривите се составени од сводови, а подовите се составени од таканаречена мајолика.[14]

Од одбранбените елементи зачувани биле две кули, сместени во долниот дел на градбата: првата била со квадратна форма, изградена во таканаречениот швабски период, додека втората која има кружен облик, била изградена во анжевинскиот период.[14]

Ботаника

уреди

Тврдината била опкружена со ниски грмушки, кои биле отпорни на суша и хранливи материи. Овие растенија речиси биле деградирани со излед на гарига.[1]

Од растителните видови околу замокот биле застапени јагодите, коронилата, млечки, хедерот, метлата и миртата.[1] Во зима, пак, цветале сасата, базерот, бразиката, анамска рака, качунки и розово-белиот цистус.[1]

Во близина на замокот имало неколку примероци на борови наречени Алепо, кои успеале да ги преживеат пожарите од 1972 и 1987 година. Боровата шума на локацијата била зададена од страна на докторот Аксел Мунте во 1901 година.[1]

Орнитологија

уреди

Замокот Барбароса бил дом на орнитолошката станица Капри. Всушност, планината на која стои тврдината била важна станица за птиците преселници кои прелетувале преку Средоземното Море, од правец на Европа кон Африка во зима, и во спротивна насока во пролетниот период.[15]

Орнитолошката активност на островот ја започнало Шведското орнитолошко друштво во 1956 година, на која подоцна се приклучила италијанската лига за заштита на птиците (LIPU). Во раните осумдесетти, италијанската лига била заменета со Центарот за јавување и тревожење на Вишиот институт за заштита и истражување на животната средина од градот Болоња. Центарот го користел островот Капри како станица за собирање податоци за полот, возраста, видот, големината и тежината на птиците уловени со техника на употреба на мрежа. По ловењето на птиците и завршеното истражување, на нив се ставал метален прстен пред да бидат ослободени, во случај на нивно повторно заловување. Прстенот овозможувал полесно следење на нивното движење.[15]

Денес сè уште постојат шведски истражувачки активности на островот Капри, управувани од орнитолошката станица на островот Еланд (Шведска). Со текот на времето, и начинот на истражување доста се променил. На почетокот истражувањата биле насочени кон проучување на пролетните и есенските миграции. Во поново време тоа истражување било заменето со правење на проекти и студии за ориентација на птиците. Дополнителни проекти се правеле и за отпорноста на болестите при миграција на пеперутките.[15]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 De Angelis Bertolotti, p. 230 & montedonzelli.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Borà, p. 206 & colleamineo.
  3. 3,0 3,1 Oebalus, volume 4, p. 175 & tockington.
  4. 4,0 4,1 Oebalus, volume 7, p. 28 & teckingten.
  5. 5,0 5,1 Oebalus, volume 4, p. 176 & tockington.
  6. L'isola delle sirene “Li Galli”. Castellammare di Stabia (Napoli): Nicola Longobardi editore. стр. 36–39. ISBN 978-88-8090-096-2.
  7. Borà, p. 208 & colleamineo.
  8. 8,0 8,1 Oebalus, volume 4, p. 174 & tockington.
  9. 9,0 9,1 Borà, p. 210 & colleamineo.
  10. „L'Amante della Natura“. Villa San Michele.
  11. „L'Istituto di Cultura“ (шведски, германски, англиски, италијански, и јапонски). Villa San Michele.
  12. De Angelis Bertolotti, p. 227 & montedonzelli.
  13. „Comune di Anacapri - Scoprire il territorio - Castello Barbarossa“. Comune di Anacapri. Архивирано од изворникот на 2012-07-18. Посетено на 2023-03-15.
  14. 14,0 14,1 14,2 „Il Castello Barbarossa“. Istituto Italiano dei Castelli. Архивирано од изворникот на 2014-02-02. Посетено на 2023-03-15..
  15. 15,0 15,1 15,2 „La stazione ornitologica di Capri“ (шведски, германски, англиски, италијански, и јапонски). Villa San Michele..

Библиографија

уреди

Други проекти

уреди