Качунки

род растенија
Качунка
Crocus sativus
Научна класификација
Царство: Растенија
Надоддел: Семеници
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Ред: Шпаргловидни
Семејство: Перуники
Потсемејство: Качунки
Род: Качунки
L.
Типски вид
Crocus sativus
L.
Видови

Во текстот.

Качунки (науч. Crocus) — род растенија кој обединува многугодишни тревести растенија од семејството на перуниките (Iridaceae). Видовите од овој род се распространети од источното Средоземје до средна Азија.

Распространување

уреди

Ареалот го вклучува Средоземјето (особено јужна Европа и северна Африка), средна Европа, Мала Азија, Блискиот Исток и средна Азија сè до западна Кина, при што се среќаваат во различни биотопи - степи, ливади (меѓу кои и високопланински) и шуми.

За претставниците од овој род се потребни отворени сончеви станишта и пропуслива почва.

Опис

уреди
 
Луковици од Crocus sieberi.

Луковицата е 3 см во пречник, округла или плосната, облечена во лушпи.

Стебло не се развива.

Листовите се линејни, се појавуваат за време или по цветањето.

Цветовите се единечни, понекогаш 2-3 од една луковица, опкружени со мембранозни лушпи. Околуцветникот е голем, во вид на долга инка, венчето се состои од 6 дела кои преминуваат во долга цилиндрична трубичка. Прашниците се прикачени за вратот на околуцветникот и се пократки од него; прашничките филаменти се кратки; антерите се исправени, линеарни, обично подолги од филаментите. Столпчето е нишковидно со три жига.

Плодовите се од типот на триделни кутијки; семињата се мали и зааглени.

Периодот на цветање е од пролет до есен (кај различните видови).

Според бојата на цветовите, качунките се делат на две групи: жолтоцветни (со жолта до портокалова боја) и синоцветни (со светлолилјакова до темновиолетова боја); се среќаваат и албино форми - почесто кај синоцветните, а поретко кај жолтоцветните.

Систематика

уреди