Еланд
Еланд (швед. Öland (помош·инфо)) е втор по големина остров во Шведска и најмалата традиционална покраина во земјата. Зафаќа површина од 1.342 км2 и е сместен во Балтичкото Море, недалеку од крајбрежјето на Смоланд. Населението брои 25.000 жители,[1] но во 500.000 посетители за време на летната долгодневица. Од копното е одвоен со Калмарскиот Проток, преку кој се протега Еландскиот мост, изграден во 1972.
![]() Карта на Еланд | |
Географија | |
---|---|
Место | Балтичко Море |
Координати | 56°44′N 16°40′E / 56.733° СГШ; 16.667° ИГДКоординати: 56°44′N 16°40′E / 56.733° СГШ; 16.667° ИГД |
Највисока кота | Хегсрум |
Управување | |
Округ | Калмар |
Општини | Боргхолм и Мербилонга |
Најголема населба | Ферјестаден (pop. 5 018) |
Демографија | |
Население | 24.640[1] (2009) |
Густина | 18,63 /km2 (4.825 /sq mi) |
Етнички групи | Швеѓани |
УправаУреди
Традиционалните покраини во Шведска немаат административна или политичка улога, туку постојат само како културно-историски целини. Еланд влегува во управниот округ Калмар (Kalmar län), а самиот се дели на две општини: Боргхолм and Мербилонга.
ИсторијаУреди
Археолошките наоди укажуваат дека островот бил населен во 8000 п.н.е.. Ископините од старо камено време сведочат за присуството на ловци-собирачи.[2] Во раното камено време, доселениците преминале на островот преку леден мост што го поврзувал со копното преку Калмарскиот Проток.
Остатоците од живеалишта датираат од 6000 п.н.е., и тоа во неолитските населби Алби и други места низ островот. Кај Гетлинге, Хултерстад и други места се среќаваат гробишта што датираат од железното, па сè до викиншкото време поставени околу периметарот на местото, вклучувајќи камени бродови.
На островот се пронајдени деветнаесет кружни утврдувања („ратови“) од железното време, од кои само едно (кај Екеторп) е целосно ископано. Тврдината има дадено над 24.000 артефакти.
Населението на Еланд го споменува римскиот историчар Тацит во 98 г. и тоа под името „Авиони“ (Aviones):
По Лангобардите доаѓаат Ревдигните, Авионите, Англите, Варните, Евдосите, Сварините и Нујтоните, сите добро заштитени од реки и шуми. Овие племиња не се значајни по ништо особено, освен по тоа што сите ја почитуваат Нерта (Божицата Мајка). Веруваат дека таа се интересира за животите на луѓето и дека е присутна меѓу нив. На остров во морето има света корија во која чека света кола покриена со прекривка.[3]
Во текот на историјата, Еланд долго служел како кралско ловиште, особено местата Отенби и Халторп во средниот век.
ГеографијаУреди
Еланд е втор остров по големина во Шведска и во минатото се делел на градови со повелба и пет стотини.
Населени местаУреди
- Алби
- Блесинге
- Боргхолм
- Гетлинге
- Гордби
- Ериксере
- Мербилонга
- Нора меклеби
- Отенби
- Себи
- Сегерстад
- Седра Сандби
- Стеноса
- Ферјестаден
- Хултерстад
- Шепингсвик
ФактиУреди
- Највисока точка: ридот Хегсрум (55 м)
- Најголемо езеро: Хорнсхен [4]
- Должина: 137 км
- Ширина: 16 км (најширок дел)
ЗнаменитостиУреди
Покрај археолошките наоѓалишта, позначајни историски места се Боргхолмскиот замок, изграден 1669-1681 од архитектот Никодемус Тесин Постариот за кралицата Хедвига Елеонора. Во близината се наоѓа и дворецот Солиден, кој е летниковец на кралското семејство.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Статистики податоци (31 декември 2009) - Централна статистичка служба (шведски)
- ↑ C. M. Hogan, The Stora Alvaret of Öland, Lumina Technologies, Aberdeen Library Archives
- ↑ Тацит, „Германија“.
- ↑ Кратки факти за Еланд Архивирано на 5 мај 2012 г. (шведски)
Надворешни врскиУреди
- Мојот Еланд - водич низ Еланд: локални вести, временска прогноза, настани, ТВ-програми (шведски)
- Еланд - туристички портал (шведски) (англиски) (германски)
- Профил на светското наследсво на УНЕСКО (англиски)