Млечки (род)
Млечки | |
---|---|
Euphorbia serrata | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Ред: | Малпигиовидни |
Семејство: | Млечки |
Потсемејство: | Euphorbioideae |
Род: | Euphorbia К. Линеј |
Типски вид | |
Euphorbia antiquorum К. Линеј | |
Подродови | |
Chamaesyce | |
Синоними[1] | |
Список
|
Млечката (научно: Euphorbia) ― голем и разновиден род на скриеносеменици од семејството млечки (Euphorbiaceae). Некои млечки се комерцијално широко достапни, како што се божиќните ѕвезди. Некои најчесто се одгледуваат како украсни растенија, или се собираат и се високо ценети поради естетскиот изглед на нивните уникатни цветни структури, како што е растението Euphorbia milii. Млечките од пустините на Јужна Африка и Мадагаскар еволуирале физички особености и облици слични на кактусите од Северна и Јужна Америка, така што тие (заедно со разни други видови растенија) честопати погрешно се нарекувани кактуси.[2] Некои се користени како украсни растенија во уредувањето на површината, поради убавите или впечатливи блици и отпороност на суша и топлина.[3][4]
Еуфорбиите може да бидат во облик на мали годишни растенија до големи и долговечни дрвја.[4] Родот има над[3] или околу 2.000 членови,[5] што го прави еден од најголемите родови на цветни растенија.[6][7] Исто така, има еден од најголемите опсези на бројот на хромозоми, заедно со Rumex и Senecio.[6] Euphorbia antiquorum е типски вид во родот млечки.[8] За прв пат биле опишани од Карл Линеј во 1753 година во Species Plantarum.
Растенијата имаат заеднички особености, како отровен, млечен, бел сок кој личи на латекс и необични и уникатни цветни структури.[3] Родот може да се опише според својствата на генските секвенци на неговите членови или според обликот и обликот (морфологија) на неговите соцветија или цветови. Кога се гледа како целина, соцветието изгледа како еден цвет (псеуданциум).[3] Има уникатен вид псеуданциум, наречен цијатиум, каде што секое цвеќе во соцветието е смалено на најголиот суштински дел потребен за полово размножување.[3] Поединечните цвеќиња се или машки или женски, при што машките цвеќиња се сведени само на прашник, а женките на толчник.[3] Овие цвеќиња немаат чашкини ливчиња или други делови што се типични за цвеќиња во други видови растенија.[3] Структурите што го поддржуваат соцветието и другите структури под нив еволуирале за да ги привлечат опрашувачите со нектар или со облици и бои што е особено и кај други цвеќиња. Тоа е единствениот род на растенија што ги има сите три вида фотосинтеза, CAM, C3 и C4.[3]
Опис
уредиРастенијата се едногодишни, двегодишни или повеќегодишни тревести, дрвенести грмушки или дрвја со отровен млечен латекс. Корените се фини или дебели и месести или тубуларни. Многу видови се повеќе или помалку месести, трнливи или голи. Главното стебло, а најчесто и страничните на месестите видови се дебели и 15-19 см високи. Листопадните листовите може да бидат наспрамни, наизменични или спирално поставени. Кај месестите видови, листовите се претежно мали и краткотрајни. Стипулите се претежно мали, делумно трансформирани во боцки или жлезди, или недостасуваат.
Избрани видови
уредиВидете Список на видови млечки за целосен список.
- Euphorbia albomarginata
- Euphorbia aeruginosa
- Euphorbia amygdaloides
- Euphorbia antisyphilitica
- Euphorbia balsamifera – (Канарски Острови)[9]
- Euphorbia bulbispina
- Euphorbia caducifolia[10]
- Euphorbia canariensis – (Канарски Острови)[11]
- Euphorbia caput-medusae – медузова глава (Јужна Африка)
- Euphorbia ceratocarpa – (Сицилија и Јужна Италија)
- Euphorbia characias –
- Euphorbia coerulescens - сина млечка[12]
- Euphorbia cotinifolia – бакарно дрво
- Euphorbia cyathophora – „оган на планина“
- Euphorbia cyparissias
- Euphorbia decidua
- Euphorbia dendroides
- Euphorbia epithymoides
- Euphorbia esula
- Euphorbia fimbriata
- Euphorbia franckiana
- Euphorbia fulgens
- Euphorbia grantii – африканска млечна грмушка
- Euphorbia gregersenii
- Euphorbia griffithii
- Euphorbia helioscopia
- Euphorbia heterophylla
- Euphorbia hirta
- Euphorbia hispida
- Euphorbia horrida – африканско млечно буре
- Euphorbia ingens – канделаброво дрво
- Euphorbia labatii
- Euphorbia lactea
- Euphorbia lathyris
- Euphorbia leuconeura – мадагаскарски накит
- Euphorbia maculata
- Euphorbia marginata – „снег на планина“
- Euphorbia mammillaris
- Euphorbia maritae
- Euphorbia milii – христов трн, „круна на трњата“, христово растение
- Euphorbia misera – Долна Калифорнија, јужна Калифорнија
- Euphorbia myrsinites
- Euphorbia nivulia[13]
- Euphorbia obesa
- Euphorbia paralias
- Euphorbia pekinensis
- Euphorbia peplis
- Euphorbia peplus
- Euphorbia polychroma
- Euphorbia psammogeton
- Euphorbia pulcherrima
- Euphorbia purpurea
- Euphorbia resinifera
- Euphorbia rigida
- Euphorbia serrata
- Euphorbia tirucalli
- Euphorbia tithymaloides
- Euphorbia trigona – африканско млечно дрво, катедралски кактус, абисиниска млечка
- Euphorbia tuberosa
- Euphorbia virosa
Подродови
уреди- Esula
-
Euphorbia amygdaloides
-
Euphorbia cyparissias
-
Euphorbia esula
-
Euphorbia myrsinites
- Chamaesyce
-
Обоена млечка
Euphorbia heterophylla -
Euphorbia pulcherrima
- Rhizanthium
- Euphorbia
Галерија
уреди-
Euphorbia во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје.
-
Euphorbia aeruginosa во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје.
-
Euphorbia fimbriata во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје.
-
Euphorbia fimbriata во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје.
-
Euphorbia fimbriata во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје.
-
Euphorbia milii' во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје.
-
Euphorbia milii' во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје.
-
Euphorbia tirucalli' во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје.
-
Euphorbia tirucalli во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје.
-
Euphorbia trigona' во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје.
-
Euphorbia trigona во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Euphorbia L.“. Plants of the World Online. Board of Trustees of the Royal Botanic Gardens, Kew. 2017. Посетено на 11 мај 2022.
- ↑ „Cacti or Not? Many succulents look like cacti, but are not“. CactiGuide.com. Посетено на 9 мај 2022.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 „Euphorbia PBI - Project Description“. Planetary Biodiversity Inventory (PBI). Архивирано од изворникот на 2022-03-31. Посетено на 9 мај 2022.
- ↑ 4,0 4,1 „Euphorbia“. Fine Gardening. The Taunton Press, Inc.
- ↑ „World Checklist of Selected Plant Families (WCSP)“. Kew Science. Кралски ботанички градини (Кју). Посетено на 9 мај 2022.
- ↑ 6,0 6,1 „Species diversity, ecology and evolution in a primitive Angiosperm genus:Hibbertia (Dilleniaceae)“. Plant Syst. Evol. 125 (3): 139–154. 1976. doi:10.1007/BF00986147.
- ↑ „Euphorbia botany lesson“. Houzz. 30 јуни 2010. Посетено на 9 мај 2022.
- ↑ Carter, S. (2002). „Euphorbia“. Во Eggli, U. (уред.). Dicotyledons. Illustrated Handbook of Succulent Plants. 5. Springer. стр. 102. ISBN 978-3-540-41966-2.
- ↑ „Euphorbia balsamifera“. Flora de Canarias. Посетено на 9 мај 2022.
- ↑ „Leafless milk hedge“. Flowers of India. Посетено на 9 мај 2022.
- ↑ „Euphorbia canariensis“. Flora de Canarias. Посетено на 9 мај 2022.
- ↑ Euphorbia coerulescens
- ↑ „Leafy milk hedge“. Flowers of India. Посетено на 9 мај 2022.
Дополнителна книжевност
уреди- Buddensiek, Volker (2005). Succulent Euphorbia plus (CD-ROM). Volker Buddensiek Verlag. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help) - Carter, Susan (1982). New Succulent Spiny Euphorbias from East Africa. Hooker's Icones plantarum. Кралски ботанички градини (Кју). ISBN 9781878762726. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help) - Carter S, Eggli U (1997). The CITES Checklist of Succulent Euphorbia Taxa (Euphorbiaceae). Germany: German Federal Agency for Nature Conservation. ISBN 9783896246097.
- Carter S, Smith AL (1988). „Euphorbiaceae“. Flora of Tropical East Africa. Кралски ботанички градини (Кју).
- Noltee, Frans (2001). Succulents in the wild and in cultivation, Part 2 Euphorbia to Juttadinteria (CD-ROM). Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help) - Urs E, уред. (2002). Sukkulenten-Lexikon (германски). 2: Zweikeimblättrige Pflanzen (Dicotyledonen). Eugen Ulmer Verlag. ISBN 9783800139156.
- Gómez-Valcárcel M, Fuentes-Páez G (2016). „Euphorbia grandicornis Sap Keratouveitis: A Case Report“. Case Rep. Ophthalmol. 7 (1): 125–129. doi:10.1159/000444438. PMC 4899636. PMID 27293414.
- Everitt, J.H.; Lonard, R.L.; Little, C.R. (2007). Weeds in South Texas and Northern Mexico. Lubbock: Texas Tech University Press. ISBN 9780896726147. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help) - Pritchard, Albert (2003). Introduction to the Euphorbiaceae (италијански). Cactus & Co. ISBN 9788890051142. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help) - Schwartz H, уред. (1983). The Euphorbia Journal. Mill Valley, CA: Strawberry Press.
- Singh M (1994). Succulent Euphorbiaceae of India. India: Meena Singh (self published). ASIN B004PFR2G6.
- Turner R (1995). Euphorbias: A Gardeners' Guide. Bastford: Timber Press, Inc. ISBN 9780881923308.
- Soumen A (2010). „A revision of geophytic euphorbia species from India“ (PDF). Euphorbia World. 6 (1): 18–21. ISSN 1746-5397.[мртва врска]
- Pritchard A (2010). Monadenium. Венегоно Супериоре: Cactus & Co. ISBN 9788895018027.
Надворешни врски
уреди„Млечки (род)“ на Ризницата ? - . Encyclopædia Britannica. 9 (11. изд.). 1911.
- Меѓународно здружение за млечки (род)
- ИПНИ