Крагуево

историско село во Демирхисарско

Крагуево (се среќава и како Крагуј) — историско село на територијата на Општина Демир Хисар, денес во крајниот источен атар на Стругово.[2]

Крагуево
Крагуево во рамките на Македонија
Крагуево
Местоположба на Крагуево во Македонија
Крагуево на карта

Карта

Координати 41°12′27″N 21°11′55″E / 41.20750° СГШ; 21.19861° ИГД / 41.20750; 21.19861
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Долни Железник
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 656 м

Географија

уреди

Крагуево се наоѓало во областа Долни Железник, меѓу селата Мургашево (денес дел од Д. Хисар) на североисток и Стругово на југозапад, Кутретино на исток и Загориче на југ.[2] Низ селото поминувала река која била притока на Црна

Историја

уреди

Името на селото доаѓа од ловџискиот сокол наречен крагуј. Според месното предание, наречено е според карпата под која извирала селската река се собирале крагуи за да ја преспијат зимата.[2]

Селото било тимар на извесен Ахмед, син на Ќучук Рахман и имал повластица (берат) од пашата. Во 1468 г. селото плаќало 1.035 акчиња, од кои 320 за пченица; 200 за ’рж и јачмен, како и за лен, свињи, ушур за лозје; за бостан, за воденици, за свадбарина и најмногу за испенџе — 381 акче.[2]

Селото се спомнува во 1568 г. со следниве машки жители: Лазар, син на Радослав; Дапко, син на Братослав; Станиша, син на Добре; Тале, син на Димитри; Димко, брат на Станиша; Васил; Петко, брат на Добре; Стефан Петко; Панчо, син на Добре; Дано, син на Добре; Степан, син на Добре; Степан, син на Никола; Раде, брат на Степан; Стајко Дапко; Димитри Дапко; Ѓоре, син на Дапко; Димитри, син на Петко; вдовица Добра. Имало 15 семејства, 1 неженет, па вкупно 76 жители. Во 1568 г. селото е заведено со 63 жители.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Крагуево имало 40 жители, сите Македонци христијани.[3][4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крагуево се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 3 куќи.[5]

Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Крагуево (Kragouevo) имало 32 Македонци под егзархијата.[4][6]

По овој период населението го напуштило селото бидејќи жителите биле судски гонети за учество во Илинденското востание. Населението се преселило во Кутретино, Стругово и Утово, како и во Романија, Русија и Бугарија. Најмногу семејства се преселиле во Стругово.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 94. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 238. ISBN 954430424X.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 172-173.