Црква „Св. Никола“ - Загориче

црква во Загориче, Демирхисарско

Св. Николацрква во демирхисарското село Загориче, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Никола

Општетена надвлезна фреска на Архангел Михаил

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Крушевско-демирхисарско
Парохија Демирхисарска
Местоположба

Карта

Координати 41°11′29.2″N 21°11′44.3″E / 41.191444° СГШ; 21.195639° ИГД / 41.191444; 21.195639
Место Загориче
Општина Демир Хисар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1885
Живопис 1885
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна базилика
Стил преродбенички

Црквата е гробишен храм, сместен на северниот крај на селото, и служи како заедничка црква со соседното село Утово. Според зографскиот натпис, црквата е живописана во 1885 година од крушевските браќа-мајстори Вангел и Никола Анастасови. На натписот се наведени и имињата на ктиторите, селани од Загориче и Утово. Храмот на многу наврати е пљачкосуван од арнаутски банди. Обновен е во 1934 година, а фреските се реставрирани во 1956 година.[1]

Ова е мала еднокорабна градба со плиток дрвен свод. Покривот е од ќерамиди со дрвени стреи. Над апсидата покривот е од лим. Фасадите се варосани. На северната и јужната страна одвнатре има по три плитки полукружни засводени ниши. На запад има трем со понизок покрив.[2] Влезот е од запад и од југ. Крај храмот (на југозападната страна) има куловидна камбанарија.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 46. ISBN 978-608-65616-4-2.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 45. ISBN 978-608-65616-4-2.