Јованка Орлеанка
Јованка Орлеанка (фран.: Jeanne d'Arc[1] ) (6 јануари 1412 — 30 мај 1431) — народна хероина на Франција и Светец на Католичката црква. Уште на 17 години, таа ја командувала француската кралска армија, убедувајќи го кралот Шарл VII да ги истера Англичаните од Франција и подоцна, овозможувајќи го неговото крунисување.
Света Јованка Орлеанка Jeanne d'Arc | |
---|---|
Слика на Јованка Орлеанка од периодот меѓу 1450 и 1500 (Историски центар на националните архиви, Париз, AE II 2490). | |
Saint | |
Роден(а) | 1412, Домреми , Свето Римско Царство |
Починал(а) | 30 мај 1431Руан, Франција | (возр. 19),
Почитуван(а) во | Римокатоличка црква Англиканска заедница |
Беатификација | 18 април 1909, Богородична црква од Папа Пиј X |
Канонизација | 16 мај 1920, Базилика Свети Петар, Рим од Папа Бенедикт XV |
Слава | 30 мај |
Заштитништво | France ; маченик; заробеник; војник; луѓе исмејувани својата побожност |
Во 1429. на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан. Бургундијците ја заробуваат во 1430. и им ја предаваат на Англичаните, по што е осудена за ерес и запалена на кол во 1431 во градот Руан.
Во 19 век, таа е прогласена за француска национална хероина. Јованка Орлеанка е прогласена за светица од страна на Католичката црква на почетокот од XX век. Моментално, Република Ирска, Канада, Велика Британија и Соединетите Американски Држави покажуваат голем интерес во нејзините дејствија. Јованка Орлеанка се смета за силна жена полна решеност и вера.
Јованка Орлеанка како тема во уметноста и во популарната култура
уредиЈованка Орлеанка се јавува како тема на повеќе дела во уметноста и популарната култура, како:
- „Јованка Орлеанка“ — опера на Џузепе Верди од 1845 година.
- „Јованка Орлеанка“ (англиски: Joan of Arc) — песна на канадскиот рок-музичар Леонард Коен од 1971 година.[2]
- „Страдањето на Јованка Орлеанка“ (француски: La Passion de Jeanne d'Arc) — француски филм од 1928 година, во режија на Карл Теодор Драјер.[3]
- „Јованка Орлеанка“ (англиски: Joan of Arc) — француски филм од 1999 година, во режија на Лик Бесон.[4]
- „Јованка Орлеанка“ — драма на германскиот писател Фридрих Шилер од 1801 година.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди- ↑ Her name was written in a variety of ways, particularly prior to the mid-19th century. See Pernoud and Clin, pp. 220–221. She reportedly signed her name as "Jehanne" (see www.stjoan-center.com/Album/, parts 47 and 49; it is also noted in Pernoud and Clin).
- ↑ Leonard Cohen - Joan of Arc (пристапено на 12.11.2016)
- ↑ IMDb, The Passion of Joan of Arc (1928), Awards (пристапено на 28.1.2017)
- ↑ IMDb, The Messenger: The Story of Joan of Arc (1999) (пристапено на 28.12.2014)
Надворешни врски
уреди- Јованка Орлеанка мрежно место на француски, германски и англиски јазик