Јованка Орлеанка (опера)
Јованка Орлеанка — опера, во три чина со пролог на Џузепе Верди.
Јованка Орлеанка | |
---|---|
опера од Џузепе Верди | |
Title page of a variant of the first edition vocal score | |
Либретист | Темистокле Солера |
Јазик | италијански |
Базирано на | Шилеровата драма Девицата од Орлеан |
Премиера | 15 февруари 1845 Ла Скала, Милано |
Темистокле Солер според драмата Девицата од Орлеан од Фридрих фон Шилер.
Премиера
уредиЛикови и улоги
уредиШарл VII, француски крал - тенор
Јакоб, овчар од Дом-Реми - баритон
Јованка (Жан), неговата ќерка - сопран
Дели, кралски офицер - тенор
Талбот, наредник на англиските сили - бас
кралски офицери, жители на Ремс, француски и англиски војници, добри и зли духови, благородништво, гласници, пажеви, девојки, претставници, селани, витези, дами (хор).
Место и време
уредиДом-Реми и Ремс во XV век, за време на Стогодишната војна.
Содржина
уредиПролог
уреди- Сцена I
Голема сала во замокот Дом-Реми. Кралот Шарл им кажува на селаните и офицерите за сон во кој видел светилиште и во кој му било кажано да ги посвети својот меч и шлем на Дева Марија. Селаните веруваат дека тоа место е опседнато од зли духови.
- Сцена II
Шума. Јованка се моли пред ликот на Богородица. Таа се гледа себеси растргната помеѓу земните и небесните сили на љубовта и верува дека го слуша повикот да ја ослободи Франција. Таа го охрабрува кралот и покажува одлучност да го следи. Нејзиниот татко, кој го слушнал тој разговор, се откажува од неа.
I чин
уреди- Сцена I
Англиски камп во околината на Ремс. Англиските војници слушнале за небесниот повик на Јованка и се плашат од претстојната битка. Нејзиниот татко сака да му се одмазди на Шарл, за кого верува дека ја завел неговата ќерка и е подготвен да ја предаде на англиската војска.
- Сцена II
Градината во кралската палата во Ремс. Јованка по победата над Англичаните сака да си оди дома и да се врати на едноставниот живот. Шарл ѝ изјавува љубов и бара од неа да го круниса. Јованка се плаши дека земната љубов ќе биде посилна од небесната.
II чин
уредиПлоштад пред катедралата во Ремс. Додека народот ја слави Јованка, нејзиниот татко ја обвинува за вештерство, а Шарл за богохулење. Мислејќи дека навистина е виновна, Јованка не се брани. Народот бара таа да биде избркана и Јакоб да ја предаде на Англичаните.
III чин
уредиАнглиска тврдина, недалеку од бојното поле. Во затворот Јованка моли да биде ослободена и Небесните сили да ѝ простат, за повторно да ја предводи француската војска. Јакоб сфаќа дека неговата ќерка е невина и ја ослободува. Јованка ја извојува победата и го спасува Шарл, но и самата е смртно ранета. Сите ја оплакуваат Јованка, која ѝ се предава на Богородица, како што тоа го сторила и во шумата кај Дом-Реми.
Познати музички нумери
уреди- Sotto una quercia (Под еден даб) - кралската каватина од I чин
- Sempre all'alba (Секогаш во зори) - Каватина на Јованка од I чин.
- O fatidica foresta (Шумо убава, чуј) - Романсата на Јованка од вториот чин
Надворешни врски
уредиЛибрето
„Јованка Орлеанка (опера)“ на Ризницата ? |