Јованка Орлеанка (филм од 1999)

„Јованка Орлеанка“ (англиски: Joan of Arc) е француски филм од 1999 година, во режија на Лик Бесон (Luc Besson), кој бил автор и на сценариото, заедно со Ендрју Биркин (Andrew Birkin). Филмот е познат и како Гласник: Приказната за Јованка Орлеанка (The Messenger: The Story of Joan of Arc). Главните улоги ги играат: Мила Јовович, Џон Малкович, Раб Афлек, Феј данавеј, Дастин Хофман и Паскал Грегори. Музиката во филмот е дело на Ерик Сера (Eric Serra). Филмот трае 148 минути, а бил сниман во Чешка и во Франција. Во него се зборува на англиски и латински јазик. на разни фестивали, филмот освоил шест награди (меѓу кои, две награди „Цезар“) и имал 10 номинации.[1] [2]

Содржина уреди

Во 1412 година, во Домреми, Франција се раѓа девојчето Јованка, во времето кога е во тек стогодишната војна меѓу Франција и Англија, а низ земјата пустошат англиските витези. Јованка израснува во многу религиозно девојче, кое се исповеда неколкупати на ден, а на возраст од 13 години, таа добива визија и наоѓа меч. Кога се враќа дома, таа ги затекнува англиските витези како го опустошуваат нејзиниот град. Подоцна, во 1428 година, таа веќе знае дека нејзината мисија е да ги избрка Англичаните од Франција и затоа бара средба со принцот Шарл, кој веднаш ја прифаќа нејзината понуда за помош. Така, Јованка се вклучува во борбата и со својот одред ги ослободува Орлеан и Рем, каде што Шарл се крунисува за крал. Остварувајќи ја својата цел, нему повеќе не му е потребна Јованка и таа паѓа во заробеништво на Бургундинците, а потоа, против неа започнува судски процес.[3] [4]

Наводи уреди